Европа
Руската армија ќе може да ги користи aeродромите и пристаништата на Кипар

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадес изјави дека преговара со владата на Руската Федерација за на руските воени бродови и авиони да им се овозможи користење на кипарските аеродроми и пристаништа во случај на хуманитарни операции или вонредни ситуации, пренесуваат во средата европските медиуми.
Кипарскиот претседател Никос Анастасиаедес во интервјуто за руската агенција ТАСС претходно изјави дека двете страни водата „дијалог за да ги истражат дополнителните можности кои би можеле да и’ се понудат на Русија во случај на хуманитарни операции и вонредни ситуации“. Потсети ќе дела во остатокот од овој месец и тоа прашање, меѓу другото, тогаш ќе бидат на дневен ред.
Кипарската влада во јануари, според пишувањето на тамошните медиуми, усвоила нацрт договор кој им овозможува на руските бродови и авиони да ги користат аеродромите и пристаништата на Кипар.
Неколку медиуми, покрај тоа, напишаа дека Кипар, кој е членка на Европската унија и на НАТО, на Русија и’ ги нуди и своите воени бази
Кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидес тоа решително го негираше. Истакна дека Кипар ги нуди објектите од чисто хуманитарен а не воен карактер.
„Не станува збор за кипарската воена база ’Андреас Папандреу’. Станува збор за евакуација на руските државјани во случај на војна на Блискиот исток, исто како што Кипар има низа договори со други земји со истата цел“, изјави Касулидес во Брисел, пренесува EurActiv.
Појасни дека договорот за воена соработка меѓу Кипар и Русија, кој се однесува на набавката на резервни делови и одржувањето на вооружувањето, истекол во декември и дека треба да биде обновен. Кипар, рекол Касулидес, има потреба од таков договор, бидејќи поради ембаргото не може да набавува оружје освен од Франција и Русија.
Велика Британија, како што пишуваат грчките и турските медиуми, е незадоволна од најавата за соработката меѓу Русија и Кипар. Лондон, имено, на поделениот остров во Медитеранот користи две воени бази, врз основа да договорот од 1960 година. Британскиот амбасадор на Кипар, Демиен Роберик Тод порача дека Никозија мора да го почитува ставот на ЕУ кон Русија во поглед на кризата во Украина.
Претседателот Анастасиадес на тоа одговори дека британскиот амбасадор „не би требало да дава неосновани изјави“. „Постои стар одбранбен договор, кој треба да биде обновен. Истовремено, некои дополнителни услуги ќе се нудат на ист начин како и за другите земји, како, на пример, за Франција и Германија, Кипар и Русија традиционално имаат добри односи и тоа нема да се промени“, рече.
Новиот грчки премиер Алексис Ципрас кој го посети Кипар на 2-ри февруари, изјави дека Грција и Кипар би можеле да бидат мост меѓу Европа и Русија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин