Европа
Пред самитот во Минск Поршенко се заканува со вонредна состојба, Лавров гледа напредок
Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави во средата дека е подготвен да прогласи вонредна состојба ма целата територија на Украина, доколку не успеат мировните преговори во Минск, каде што според него Украина и Европејците „ќе зборуваат во еден глас“, додека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лаворв истовремено изјави дека има „чувствителен напредок’ во подготовките за самитот за Украина но истовремено предупреди дека има уште отворени прашања и обвини дека силите на Киев се обидуваат да заземат подрачја пред почетокот на самитот.
„Свет ќе зависи од резултатите на самитот, или ќе ја сопреме агресијата по дипломатски пат, или со целосно поинаков режим. Сите сме, владата, парламентот и јас, подготвени да прогласиме вонредна ситуација на целата територија на Украина доколку се случи ескалација на судирите“, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко на седницата на владата во Киев неколку часа пред средбата во белоруската престолнина Минск, каде што ќе се сретне со челниците на Русија, Франција и Германија.
„Ние сме за мир, но доколку е потребно, ќе го разбиеме непријателот. Доколку мораме да ја браниме нашата земја, тоа ќе гои сториме. За жал мораме да бидеме подготвени за двете опции“, рече Порошенко.
Додаде дека Киев, францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел „ќе зборуваат во еден глас“ во Минск барајќи безусловен прекин на огнот. „Ви гарантирам дела Украина и Европската унија ќе имаат заеднички став во текот на самитот во Минска и ќе зборуваат во еден глас“, рече украинскиот претседател. Истакна дека безусловниот преки на огнот е приоритет за Киев.
Порошенко повторно ја одбил идејата за федерализација на Украина по региони, што е еден од предлозите на Русија, односно поголема права за регионите, што според него би им овозможило на на рускојазичните одметнати региони во југозападниот дел од земјата со вето да ги блокираат прозападното свртување на Украина.
„Соседната земја инсистира на идејата за федерализација. Иронично е дека станува збор за најцентрализираната земја во регионот. Децентрализацијата којашто ние ја разгледуваме нема врска со федерализација“, изјави Порошенко.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, покрај изјавата дека „постои чувствителен напредок“ во подготовките на самитот во Минск, истовремено предупреди дека постојат уште отворени прашања, како што е контролата над границата, а го обвини Киев дека пред почетокот на средбата на четворицата челници се обидуваа со офанзива да заземе што повеќе територија во југоисточните региони.
Лавров на заедничката прес-конференција со грчкиот колега Никос Коциас во Москва, ја критикуваше Украина којашто „поставува нереални барања“, бидејќи секој договор го условува со повторно преземање на целосната контрола врз границата кон Русија.
„Тоа е токму она што претставниците на украинските власти се обидуваат последните денови. Да се условува сето останато со враќањето на контролата над границите, додека се водат борби, додека многу други проблеми не се решени, тоа според моето мислење е нереално“, изјави шефот на руската дипломатија.
Според Лавров, во секој договор за границата треба да учествуваат и претставниците на самопрогласените ткн „народни републики“ во одметнатите доминантно рускојазични региони во Донецк и Луганск, кои контролираат дел од границата.
Лавров порача дека обидот на украинската армија да освои нови области пред почетокот на преговорите во Минск, многу ги намалува шансите да се постигне договорот со бунтовниците за контролата врз границата.
Доброволечкиот баталјон „Азов“ во кој се борат странски платеници, меѓу кои и десетици лица од балканскиот регион а најмногу Хрвати, во вторникот објави дека тргнува во офанзива против единиците на рускојазичните бунтовници кај пристанишниот град Мариупол, кој иако со доминантно рускојазично и руско население од април минатата година е под контрола на Украинската национална гарда./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.