Црна хроника
Неколкупати му се заканувале со оружје, но само го претепале
По расправии извале оружје, но сепак се останало на тоа, во битолско.
Имено, како што соопшти полицијата, во саботата во 16 часот во СВР-Битола, И.Б.(1982) од село Будаково-Битола, пријавил дека околу 10 часот по претходна расправија во нива на местото викано Дулејца, атар на село Будаково, А.Б. извадил оружје пиштол непозната марка, и му се заканил на пријавителот дека ќе го убие.
Тој бил спречен во намерата од неговиот татко А.А., а потоа лицата А.Б. и А.Е., И.Б. физички го нападнале, удирајќи го со тупаница во пределот на лицето, а А.Б. со дрво го удрил во пределот на грбот.
Откако А.А. ги тргнал А.Е. и А.Б. заминале со тракторот, по нив дошол А.Љ., кој му се заканил на пријавителот дека ќе го убие со пушката.
А.А. со А.Е. и А.Б. се вратиле и повторно физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на телото.
По настанот, И.Б. заминал за дома, а по кратко време во дворот од куќата со трактор дошол А.Љ., кој извадил пушка, која ја вперил во пријавителот, по што И.Б. му ја одзел.
По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепале играчите од гостинскиот клуб: уапсени две лица од Кумановско
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково.
Тие на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје.
СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Нападнати баба и внука во Чаир
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријавила дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

