Црна хроника
Погребник од Велес осомничен за проневера на 30 илјади евра
Со лажни пописни листи, поранешен продавач на погребална опрема во велешкото Јавно комунално претпријатие „Дервен“, полицијата го осомничи дека противправно се стекнал со имотна корист од 1,8 милиони денари, или околу 30 илјади евра.
Покрај раководителот, кој е прво осомничен, како второосомничени , кривични пријави заработија и двајца членови на пописна комисија, кои со своето несовесно работење овозможиле тој да се стекне со противправна имотна корист во износ од 1.837.000 денари.
„Првопријавениот додека работел како службено лице – продавач на погребална опрема во ЈКП ‘Дервен’, со намера за себе да стекне противправна имотна корист присвоил пари од продадена погребална опрема, која опрема во пописната листа од 31.12.2012 година ја пријавил како затекната во продавницата, а второ и третопријавените, како претседател и член на пописна комисија пропуштиле должен надзор и не ги исполниле своите должности, односно, ги потпишале пописните листи без да бројат и попишуваат”, рече Анита Стојковска, портпаролката на СВР Велес.
Стореното кривично дело во ова претпријатие е откриено кон крајот на минатата 2013 година. кога новиот раководител на продавницата го правел годишниот попис. Разликата на пописните листи била евидентна и претпријатието случајот го пријавил во полиција.
Сега не ред е судството, каде на првоосомничениот кој веќе е во пензија и на двајцата второ осомничени вработени во ЈКП „Дервен”./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

