Црна хроника
Дете падна во бунар длабок пет метри во Куманово

Осумгодишно дете во четврток паднало во бунар во Куманово, но за среќа поминало со полесни повреди. Детето 20 минути било заробено во дупката длабока пет метри.
Несреќата се случила вчера околу 20 часот во дворот на куќа во близина на Школската амбуланта во Куманово кога се скршиле даските со кои бил покриен бунарот на кои си играло детето. Осумгодишникот паднал во дупката, но за среќа успеал да се задржи на скршените даски и не се удавил. Соседите ја виделе несреќата и веднаш повикале противпожарна служба која интервенирала брзо.
Еден пожарникар врзан со сајла се спуштил во бунарот и го извлекол детето. Момчето било прегледано од екипата на Брза помош и било пренесено во болница каде што било вклучено на кислород без сериозни повреди.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кокаин најден во дом на скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 42-годишен скопјанец за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.
Во станот во кој престојувал осомничениот на улицата „Матеја Матевски” во Скопје полицијата пронашла 14,2 грама амфетамин, околу 8 грама кокаин, помали количества марихуана и МДМА (3,4 метилен диоксиметамфетамин). При претресот во домот било затекнато уште едно лице на кое осомничениот му овозможил да користи кокаин.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
75-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка

Вчера околу 10:30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот Скопје- Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „линфан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(75) од Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.К.(27) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Р.(37).
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот „линфан“ П.Д., додека со телесни повреди сопатничката од мотоциклот „хонда“ С.П., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден откако излетал од патот

Вчера во 11:20 часот во ОВР Кратово било пријавено дека на регионален пат во село Железница, кратовско, Б.Д.(24) од Скопје управувајќи мотоцикл „кимко” со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата, Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Увид извршила екипа од ОВР Кратово.