Црна хроника
Откриено оружје во автомобил на Деве Баир
Автоматски пушки, муниција, кашикари, пиштоли открија цариниците во автомобил со грчки регистарски таблици управуван од албански државјанин.
Цариниците го откриле оружјето на граничниот премин Девe Баир за излез од Македонија кон Бугарија. Запленети се осум автоматски пушки, над 4.500 парчиња муниција, 20 кашикари, пиштол и муниција за истиот.
Албанскиот државјанин оружјето го украл од воен магацин во Корча во 1998 година кога во Албанија имало масовни грабежи на воените магацини.
Два дена пред да тргне кон Македонија, целото оружје, муниција и распрскувачки материи ги сокрил во фабричките шуплини од неговото возило, со намера истите да ги пренесе преку Македонија и Бугарија до Крит Грција, каде од 2002 година привремено престојувал и работел во Грција./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos
Црна хроника
Двајца малолетници без возачка фатени зад волан во Охрид и Струга, одземени автомобилите
Два одвоени случаи на управување возило од страна на малолетници без положен возачки испит се регистрирани ноќеска во Охрид и Струга.
Во 23:40 часот, на пресекот на улиците „Сатеска“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид при сообраќајна контрола исклучиле од сообраќај патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и нема стекнато право за управување моторно возило. Во присуство на родител, возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Неколку часа подоцна, на 2 март 2026 година во 01:15 часот, при сообраќајна контрола во струшката населба „Тефериќ“, полициски службеници од ОВР Струга исклучиле од сообраќај патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од малолетник без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител, со малолетникот бил извршен службен разговор, возилото било одземено, а по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

