Црна хроника
Оружје без дозвола, крадење струја, танчерки откриени во кафулиња во кумановско
Лица кои носеле оружје без дозвола, танчерки и пејачки од Албанија, кражба на струја, неиздавање фискални сметки, непријавени работници затекнале полицајците, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и екипи на ЕВН викендов во кумановско.
Контроли биле направени во кафулиња „Натира“ во селото Руница, „Алби“ во село Ваксинце, „Гошинца“ во село Черкези.
Во кафулињата биле затекнати лица со пиштоли без дозволи па им биле изречени глоби за сторен прекршок од Закон за оружје, по што ќе им биде поднесен предлог за одземање на оружјето.
Во угостителскиот објект „Алби“ се пронајдени шест државјанки на Албанија кои ги забавувале гостите со пеење и танцување и биле приведени во Куманово.
Во угостителскиот објект „Гошинца“ во село Черкези е пронајден и еден малолетник по 24часот, за што против сопственикот ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.
ЕВН пак во угостителските објекти „Натира“ и „Гошница“ откриле кражба на струја.
Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд во сите три угостителски објекти констатирале неправилности во работењето во однос на нерегистрирани трговски друштва, неиздавање на фискални сметки, непријавени работници, како и сторени прекршоци по Закон за заштита од пушење, за што им се изречени глоби во вкупен износ од околу 12.000 евра, како и забрани за вршење на дејност во траење од 15 и 30 дена./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.