Црна хроника
На Ќафасан запленети 18 килограми марихуана
Во петокот околу 20:30 часот, на граничниот премин Ќафасан, за влез во државата се пријавило патничко моторно возило со германски регистарски ознаки управувано од лице италијански државјанин со иницијали С.К. При извршена царинска контрола, во фабричките шуплини од возилото во предниот и задниот браник како и во двете предни крила, царинските службеници пронајдоа 17 пакувања обвиткани со самолеплива трака, наполнети со непозната растителна материја со зеленкаста боја, со вкупна тежина од 18 кг.
Непознатата тревкаста материја на тестер за психотропни супстанции НИК покажала присуство на марихуана. Лицето С.К. дрогата ја набавило од лице од Албанија со намера истата да ја превезе преку Македонија со крајна дестинација Германија каде осомничениот живее и работи 26 години. Пред да тргне од градот Фиер неговиот другар кој е албански државјанин на еден лист хартија му го нацртал патот и државите низ кој требал да помине за да ја пренесе дрогата до крајната дестинација. На листот со рака биле нацртани државите Македонија, Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија. Цената на западно-европскиот пазар за каде била наменета запленетата марихуана се проценува на 40 илјади евра, додека во малопродажба може да достигне и до 80 илјади евра. Уживателите за еден џоинт употребуваат 1 грам марихуана кој го мешаат со тутунот од цигарата. Во конкретниов случај од 18 илјади грама се изготвуваат 18 илјади „џоинти“.
Против сторителот, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде изведен пред надлежен судија на претходна постапка.
Од почетокот на годината, заедно со овој случај откриени се вкупно 24 обиди за пренос на марихуана преку македонската граница, при што се запленети над 720 кг марихуана. Со ова, Царинската управа спречила да се продадат над 721 илјади „џоинти“ со што во малопродажба на македонскиот на нарко пазар би се заработиле 2.344.715 евра./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

