Црна хроника
Ослободителна пресуда за екс-директорот на ФЗОМ, Тренковски
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 во понеделник донесе ослободителна пресуда за поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ѓорѓи Тренковски и за управителката на ПЗУ „Градска аптека, Весна Огненовска кои беа овинети за несовесно работење и злоупотреба на службената положба.
Тие беа обвинети дека во 2007 година несовесно работеле и ја злоупотребиле службената положба и дека двојно плаќале едни исти лекови.
Според одбраната, вештачењето на доказите во присуство на одбраната покажало дека обвинетите се невини.
Пресудата доаѓа три години откако Тренковски и Огненовска беа обвинети дека за проневера од речиси половина милион евра. Во притвор минаа околу 15-ина дена./крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

