Европа
Ватикан: Насловната на Charlie Hebdo е за жалење
Ватиканскиот весник Osservatore Romano упати во средата критики за францускиот сатиричен неделник Charlie Hebdo бидејќи на насловната страница го прикажува Господ како убиец со автоматска пушка „калашников“, оценувајќи дека таквата насловна страница е „за жалење“ и покажува непочитување кон вистинските верници од сите вери.
Новиот број на сатиричниот неделник познат по контроверзните карикатури, особено со религиозни теми, со кој се одбележува годишнината од нападот на исламистите во редакцијата на Charlie Hebdo во Париз токму поради објавување на карикатури на пророкот Мухамед во кој беа убиени 12 луѓе. Карикатурата на најновата насловна страница го прикажува гневниот Господ со окрвавени раце и автомат на грбот.
„Една година подоцна, убиецот сé уште е во бегство“, е текстот преку насловната страница.
Ватиканскиот дневен весник Osservatore Romano го обвинува францускиот сатиричен неделник дека сака да манипулира со верата.
„Зад превртливите знамиња на бескомпромисниот секуларизам, францускиот неделник уште еднаш го заборава на она што верските водачи на сите религии повикуваа веќе со векови – на отфрлањето на насилството во името на верата, како и дека користењето на Господ за оправдување на омразата е вистинско богохулство“, пишува во коментарот на Osservatore Romano.
„Чинот на Charlie Hebdo покажува еден тажен парадокс на светот кој е сé почувствителен на прашањето на политичката коректност, до таа мерка што тоа станува смешно, но не сака да признае или да ја почитува верата на луѓето во Бога, без разлика за која релија станува збор“, се додава во коментарот.
Во воведникот на францускиот неделник кој е објавен пред специјалното издание се порачува дека весникот ќе продолжи со својата уредувачка политика, без оглед на тоа што „верските екстремисти сакаат да го замолчат“.
„Тие сакат да се погрижат Charlie да умре – Charlie ќе се погрижи тие да цркнат“, пишува во воведникот на францускиот сатиричен дневен весник.
До терористичкиот напад од 7-ми јануари 2015 година, Charlie Hebdo продавал не повеќе од 28 илјади парчиња, што го доведе тогаш списанието на граница на финансиски крах.
Продажбата на бројот на францускиот сатиричен неделник Charlie Hebdo, кој беше прв ланскиот масакр во неговата редакција поради објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед, му донесе на изданието повеќе од 10 милиони евра, во што се вклучени, претплати и средствата донирани од илјадници граѓани и организации по убиството на 12-те луѓе од кои четворицата водечки карикатуристи на магазинот.
Дотогаш наместо вообичаениот нарачан тираж од 60 илјади примероци, максимално колку што досега се печатеше сатиричното списание Charlie Hebdo, тој број беше отпечатен првично во милион парчиња, за потоа тиражот да биде зголемен на три милиона, а набрзо да достигне неверојатен за француските печатени медиуми – тираж од пет милиони примероци. За тоа беа ангажирани три меѓу најголеми печатници во Франција.
Првиот ден од продажбата на бројот по маскарот на Charlie Hebdo му донесе заработка од околу 8 милиони евра. Благодарејќи на нагласената солидарност од другите медиуми, печатници и издавачки куќи, списанието добива и 100 отсто од приходите од продажбата на првиот милион примероци, во износ од околу 3 милиона евра.
Во тој период силен скок забележа и претплатата на списанието, и тоа од 7.000 на 120.000 претплатници. Треба да се одбележи дека и покрај јавно прокламираната анархистичка и троцкистичка ориентација на уредувачката политика на магазинот, по трагедијата масовно се претплатуваат многу градски библиотеки и државни структури, како и големи приватни компании.
Воздухопловната компанија „Air France“, така, за своите патници откупи 20 илјади примероци од ланскиот број по нападот врз редакцијата кој содржеше карикатури на религиозни теми./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

