Црна хроника
Прегазен пешак кај Олимписки базен

Седумдесет и шестгодишниот Бошко С. од Скопје во вторникот вечерта бил прегазен кај Олимпискиот базен, во центарот на Скопје.
Од СВР Скопје соопштуваат дека, сообраќајката се случила на булеварот „Кочо Рацин“ кога моторцикл „сузуки“ со скопски регистерски таблици удрил во пешакот. Бошко С. од ударот се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место.Повредени се и двете лица кои биле на моторциклот. Возачот Е.Б. е роден 1997 година и не се знае дали се уште наполнил 18 години, а зад него се возел дваесет и петгодишниот У.Б.Возачот со телесни повреди е пренесен во Ургентниот центар, а совозачот бил пренeсен во Специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. На местото на несреќата извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата./крај/мф
Извор: Фото: Нова Македонија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.