Црна хроника
Скопјанец ја претепал сопругата поради тоа што го прашала каде бил излезен
СВР Скопје до надлежното Основно Јавно Обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 38-годишниот М.И. од Скопје поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „тешка телесна повреда при вршење семејно насилство“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Имено кривичното дело пријавениот го извршил на 4-ти ноември во семејниот дом, на тој начин што откако се вратил од кафеана во алкохолизирана состојба, на прашањето од сопругата за тоа каде бил, истиот првин не одговорил ништо, а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци по главата и телото и давејќи ја со рацете околу врат, притоа заканувајќи и се дека ќе ја убие ако го настанот го пријави во полиција, по што заминал од домот.
Оштетената, следниот ден се упатила во Клиника за уво, нос и грло каде што и била укажана лекарска помош и извршен оперативен зафат, за што и се констатирани и тешки телесни повреди. На 5-ти ноември М.И. е приведен во полициска станица и извршен е разговор за околностите под кои е извршено кривичното дело./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство на игралиште во Охрид: 15-годишно момче физички нападнато

На 12 септември , во раните утрински часови, околу 02:15 часот, охридската полиција добила пријава за физички напад врз малолетник.
Инцидентот се случил на спортско игралиште во охридската населба Стобекс, каде неколку лица го нападнале 15-годишно момче од градот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. По негово документирање, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Маж од Зајас трагично загина во несреќа со трактор

Педесет и двегодишниот Џ.М. бил најден под трактор во кичевското село Зајас, на шумски пат.
Од извршениот увид констатирано е дека тој, управувајќи го тракторот, изгубил контрола, паднал и бил прегазен од возилото, велат од МВР.
Лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал смрт без траги на насилство.
Црна хроника
Кумановци осомничени за незаконско снимање на полицијата за време на 2 Август, најдени 15 дронови

Кумановската полиција денес изврши претреси во домовите на Д.Х. (47) и Д.Г. (51), двајцата од Куманово, како и во просториите на фирма во сопственост на Д.Г. Претресите се спроведени поради сомнение за злоупотреба на лични податоци и за неовластено снимање.
Сомнежите произлегле од видео-снимки објавени на социјалните мрежи на почетокот на август, на кои со дрон била снимена зградата на кумановската полиција, службени возила и физичкото обезбедување за време на свеченоста по повод државниот празник 2 Август – Илинден.
При претресот кај Д.Х. е пронајден еден дрон, шест куршуми и неколку нотарски акти и документација, кои ќе бидат предмет на понатамошна постапка. Во домот на Д.Г. се пронајдени 14 дронови.
Со двете лица се извршени службени разговори во полициска станица. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.