Црна хроника
Пукање на клиника, едно лице повредено
Едно лице е повредено во пукање што се случило утрово околу 9.30 часот на Клиниката за дигестивната хирургија, потврдуваат од МВР.
Полицијата привела три лица, едно лице на возраст од 30 година, друго лице на возраст од 36 години и трето лице на возраст од 34 години. Засега ова се официјалните информации од МВР за инцидентот, од каде детали најавија за подоцна. Според порталот Нова ТВ, пациент кој не бил задоволен од лекувањето кон мајка му, која починала и со пиштол пукал во хирургот и во медицинската сестра при што го погодил лекарот во ногата.Порталот повикувајќи се на лекарски извори, пренесува дека, лицето што пукало било во придружба на уште двајца луѓе кои потоа почнале да дивеат и да кршат се пред себе./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја претепал 48-годишната сопруга: уапсен маж од Кичево
Синоќа во 19:50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Д.(53) од Кичево.
Полицијата постапила по претходна пријава дека тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата 48-годишна сопруга.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава за охриѓанец: бесправно градел
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.А.(67) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
На катастарска парцела во Охрид,тој без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, извршил доградба на постоечки објект, по што е донесено решение за отстранување на градбата.
Црна хроника
Уапсен возач од тетовско, возел пијан во спротивна насока
Синоќа во 00:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.М.(47) од с.Камењане, тетовско.
Полициските службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. во спротивна насока на коловозна лента и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против Д.М. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

