Регион
Црвен аларм за невреме во Хрватска, пороен дожд и грмежи и во Србија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/rainy_day-2.jpg)
Големо невреме проследено со обилни врнежи од дожд и силен ветер ќе ја зафати Хрватска во среда, а Метеоалармот за подрачјето на општината Госпиќ издаде највисоко црвено предупредување за невреме. Слично време и се заканува и на соседна Србија.
Хрватскиот хидрометеоролошки завод, во објаснувањето за предупредувањето од опасна временска појава во Госпиќ, наведува дека црвениот аларм значи исклучително опасно време односно интензивна метеоролошка непогода која може да предизвика големи штети и незгоди со потенцијална опасност по живот, пренесува Dnevnik.hr.
За остатокот од Хрватска, исто така, е најавено опасно време, и тоа поголемиот дел од земјата е во портокалова фаза, додека само Славонија е во најнеопасна жолта фаза.
Дождот и грмежите од северниот дел на Јадранот денеска ќе се префрлат на цела Хрватска.
И соседна Србија ја очекува невреме во среда, во вечерните часови, објави Б92.
„На ниво на цела Србија во текот на вечерта и ноќта се очекуваат обилни врнежи од дожд, а локално ќе има и грмежи. Опасност постои на ниво на цела Србија, но точната локација на поголеми непогоди може да се одреди два до три часа претходно. Инаку, на ниво на цела држава постои опасност од поројни дождови и локални непогоди. Прво невремето ќе започне во западните и северозападните делови на земјата, а вечерва и во текот на ноќта и во четврток ќе се прошири во источните и југоисточните делови на земјата “, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Вучиќ објави фотографија со синот: Рекоа ќе го посипат со ураниум
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/dfds.jpg)
Претседателот на Србија Александар Вучиќ зборуваше за интервјуто на опозиционерот Срѓан Шкоро во кое тој го коментираше и неговиот син Данило Вучиќ и порача дека нема да дозволи напади врз неговиот син, но и врз ничие дете. Вучиќ зборуваше за монструозните закани упатени кон неговиот син, а дел од нив гласеле дека тој ќе биде посипан со ураниум.
„Со години ги кажуваат најлошите и најтешките зборови. Јавноста молчи, обвинителството, полицијата, судовите молчат. Денеска рекоа дека ќе го посипат син ми со ураниум. Тој веќе не е дете, туку тој секогаш ќе биде мој син. А јас нема и нема да дозволам да го правите тоа за ничие дете во Србија Ќе се бориме за нормална Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот.
Заедно со објавата објави и фотографија со синот Данило.
Регион
Грција во пламен: дури 50 пожари низ земјата во последните 24 часа, издадено е важно предупредување
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-190708.jpg)
Бројот на агрошумски пожари што избувнаа во последните 24 часа низ Грција достигна 50, соопшти Противпожарната служба.
Според локалните медиуми, 41 пожар се санирани веднаш, во почетна фаза, додека противпожарната служба се уште ги решава останатите 9.
Локалните истражни служби, како и одделенијата за превенција од подметнување пожари (Д.А.Е.Е.) ги истражуваат причините за пожарот.
Противпожарната служба на Грција ги повикува сите граѓани да бидат особено внимателни и во случај на пожар, заради сопствена безбедност, да ги следат упатствата на надлежните органи.
Регион
(Видео) Страшно невреме во Словенија: силен град, ветер и дожд носеа се’ пред себе
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-185925.jpg)
Над Словенија во попладневните часови се развиле две силни бури. Суперќелијата што патуваше низ централна Словенија донесе силен град, силни налети на ветер и дожд.
Во некои делови на Словенија невремето го нарушува сообраќајот и ја намалува видливоста. Од сообраќајниот информативен центар предупредуваат дека на коловозите можно е да има повеќе вода.
На возачите им се препорачува да возат внимателно и да не застануваат под надвозници или во тунели.
Според прогнозите на Агенцијата за животна средина на Република Словенија, ќе продолжи да има врнежи или невреме, особено во северната половина од земјата. На север и северозапад во вечерните и ноќните часови се уште е можно невреме, јавува Метеоинфо.
Западните и северните делови на Љубљана и околината беа зафатени од силно невреме со град и ветер. Потоа невремето се префрли над Домжал во североисточен правец.
Како што пренесуваат медиумите, некои возачи засолниште од невремето побарале под надвозникот, што е многу опасно кога има невреме, предупредува полицијата.
– За жал, при невреме на автопатот, некои неодговорни возачи сè уште ги запираат возилата во тунели, на паркинг ленти, се вртат или дури излегуваат од возилото итн. Со тоа се загрозуваат себе си и другите учесници во сообраќајот бидејќи може да дојде до застој во сообраќајот или опасни судири и сообраќајни незгоди – предупредува полицијата на несфатливото и премногу вообичаено однесување на возачите на нашите патишта.