Европа
Европските федералисти против Туск
Групата на пратениците федералисти во Европскиот парламент го критикуваше во четвртокот претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, породи неговото писмо до челниците на земјите членки, обвинувајќи го дека се зазема за тоа некои овластување од европските институции да се пренесат на земјите членки на Европската унија.
„Писмото на претседателот Туск до шефовите на држави или влади оди во погрешен правец, Во него се предлага дека на самитот во Братислава би требало да се подготви премин на надлежностите од европските институции на главните градови на земјите членки. Европа ‘а ла карт’ и меѓувладиниот пристап го покажаа во минатото недостигот од ефикасност и легитимитет. Денес ни е потребен токму спротивен пристап“, истакнуваат членовите на групата Спинели, кој ги обединува пратениците федералисти во Европскиот парламент.
Оваа група, наречена по италијанскиот политичар Алтиер Спинели, кого со сметаат за еден од втемелувачите на Европската унија, ги собира пратениците од сите политички групи кои се заземаат за што поцврсти интеграции и пренесувања на овластувања од државите членки на заедничките европски институции. Копретседатели на групата се германските пратеници демохристијанот Елмар Брок и социјалдемократот Јо Леинен.
„Европскиот совет повеќе не би смеел да се врати на чистиот меѓувладиниот пристап и да се маргинализираат во Европската комисија и Парламентот во решавањето на европските предизвици и во дефинирањето на идното устројство на ЕУ“, се вели во изјавата на групата Спинели.
Туск во своето име писмо истакнува дека „институциите треба да ги подржат приоритетите околу коишто ќе се согласат државите членки, а не да ги наметнуваат своите приоритети“. Туск, натаму , истакнува дека од неговите консултации со челниците на државите произлегува дека „давањето на новите овластување на европските институции не е посакуваниот рецепт“ и дека гласачите во државите членки „сакаат поголемо влијание во носењето одлука во ЕУ“./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нов напад на Киев, фрагменти од руски дронови паѓаат врз детска клиника
Делови од соборените руски беспилотни летала доцна синоќа погодија згради во два киевски квартови, при што е повредено едно лице, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални власти.
Сликите на урнатините расфрлани внатре и надвор од педијатриската клиника во градскиот кварт Днипровски, на источниот брег на реката Днепар, беа објавени на апликацијата за пораки Телеграм.
Обезбедувањето на зградата е пренесено во болница, а оштетени се и соседните згради.
🚨🇷🇺🇺🇦
Breaking NewsRussian drone strike and damaged a clinic in the Dniprovskyi district of #Kyiv. There is also damage to neighboring buildings.#Ukraine #UkraineWar #UkraineRussiaWar️️ pic.twitter.com/gDegIFyfSf
— World Crisis Tracker (@WorldCrisi19621) November 28, 2024
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, истакна дека остатоците од дронот ја погодиле инфраструктурата во областа Свијатошински на западниот брег на реката.
Воздушната тревога траеше повеќе од еден час.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.