Спорт
Џо Харт кариерата ќе ја продолжи во шкотски Селтик?
Англискиот чувар на мрежата, Џо Харт би можело кариерата да ја продолжи во Шкотска.
Екс-голманот на Манчестер Сити кој ги брани боите на Барнли на крајот на сезоната ќе си бара нова средина.
Единствен клуб заинтересиран за неговите услуги, во моментов е Селтик.
Менаџерот на Селтик, Нил Ленон најпрво сакаше во екипата да го доведе Фрејзер Фостер од Саутемтон, но „светците“ не сакаат да го ослободат нивниот голман.
Затоа Џо Харт е избор број еден за „детелинките“.
Поранешниот прв чувар на мрежата на „Гордиот Албион“ има 33 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Обс со 11 тројки ја торпедира Барселона
Кошаркарот на Баерн Минхен, Андреас Обст го урна рекордот на Евролигата.
Во натпреварот од 11. коло од елитното европско натпреварување помеѓу екипата на Баерн и Барселона, која заврши со убедлива победа на тимот од Минхен (100:78) , Обст постигна неверојатни 11 тројки. До почетокот на последната четвртина постигна дури 10 тројки, а потоа до крајот на натпреварот постигна уште една. Германскиот репрезентативец натпреварпт го заврши со 34 поени, постигна 11 тројки од 16 обиди.
Обст го собори претходниот рекорд кој го држеа Шејн Ларкин и Дру Годлок
Во сезоната 2019/20, Ларкин двапати постигна 10 тројки, првиот пат на 29 ноември 2019 година на натпреварот меѓу Ефес и Баерн, а вториот пат на 6 март 2020 на натпреварот помеѓу Ефес и Олимпијакос во регуларниот дел од сезоната.
Дру Гаудлок беше прецизен од линијата 6,75 десет пати на еден натпревар во сезоната 2014/15 (13 ноември 2014 година) кога како играч на Фенербахче играше против Баерн.
ANDI OBST, RECORD MAN! pic.twitter.com/bfU7ekmxm3
— FC Bayern Basketball (@FCBBasketball) November 22, 2024
Спорт
(Видео) Јокиќ доби син, па се врати на паркетот со трипл-дабл, Денвер загуби од Далас
Актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ со трипл-дабл го прослави раѓањето на второто дете. Спрскиот ас и сопругата Наталија добија син, а Јокиќ на паркетото против Далас Маверикс испорача 33 поени, 17 скока и 10 асистенции.
Денвер не успеа да го победи Далас и покрај тоа што Јокиќ го водеше тимот до пресврт. Денвер надоместија минус од 20 поени, но на крајот Далас победија со 123:120.
Јокиќ одново не доби помош од соиграчите и покрај тоа што го забележа седмиот трипл-дабл од почетокот на сезоната.
Српскиот ас го следеа Кристијан Браун и Мајкл Портер Јуниор со по 17 поени, а Расел Вестбрук додаде еден помалку. На другата страна Наџи Маршал постигна 26 поени, Пи Џеј Вашингтон додаде 22, а Кајри Ирвинг 19.
Далас играше без Лука Дончиќ кој го повреди зглобот на десната рака во вториникот.
Резултати:
Филаделфија – Бруклин 113:98
Вашингтон – Бостон 96:108
Њу Орлеанс – Голден Стејт 108:112
Чикаго – Атланта 136:122
Хјустон – Портланд 116:98
Милвоки – Индијана 129:117
Денвер – Далас 120:123
ЛА Клиперс – Сакраменто 104:88
Спорт
Џорџ Расел на пол-позицијата во Лас Вегас
Возачот на Мерцедес Џорџ Расел ќе стартува од пол-позицијата пред трката за Големата награда на Лас Вегас.
Британецот со време 1:32.212, дојде до третата пол-позиција оваа сезона, вкупно четврта во кариерата. Расел само ја потврди доминацијата на Мерцедес од почетокот на викендот во Лас Вегас.
Расположението во боксот на Мерцес го расипа Луис Хамилтон, кој два пати згреши во третата квалификациска сесија и на крајот го освои 10.место.
Веднаш до Расел трката ќе ј започне Карлос Саинц (Ферари), во вториот ред се изненадувањето Пјер Гасли (Алпин), и Шарл Леклер (Ферари). Актуелнио првак и ледер во првенството Макс Ферстапен го освои петото место прес Ландо Норис од Мекларен, Јуки Цинода (РБ), Оскар Пјастри (Мекларен) и Нико Хулкемберг (Хас).
Квалификациите ги обележа Аргентинецот Франко Колапинто кој во финишот на втората квалификациска сесија го искрши својот Вилијамс.
Трката за Гн на Лас Вегас утре ќе започне во 7 часот по македонско време.