Македонија
Сурија Рашиди: Премиерот не носи еднаквост, еднаквоста го носи премиерот

Кандидатите за пратеници во петтата изборна единица Сирија Рашиди и Ремзи Мехмеди, вчера свечено ја отворија работата на изборниот штаб на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива во Струга. Пред граѓаните на Струга, потпретседателот на Алијансата за Албанците, Ремзи Мехмеди, кој се најде на второто место на списокот на кандидати за пратеници, ја претстави програмата
„Држава за сите“, зборувајќи со посебен акцент за образованието и здравството.
Мехмеди ги повика струшките активисти да се воздржат од евентуална провокација од страна на политичките противници. Тој ги повика граѓаните на масивно обединување и легитимитет за заедничка иднина.
Актуелниот пратеник и носител на списокот на кандидати за пратеници во петтата зона од коалицијата АА-ААА, Сирија Рашиди, учествуваше во почетокот на работата на изборниот штаб на Струга. Рашиди ги извести граѓаните на Струга дека расте поддршката за коалицијата „Сега е време“, која на изборите на 15 јули ќе постигне голема победа за да се донесе заслужената промена кај Албанците.
Рашиди зборуваше и за играта што ДУИ ја игра со наводниот албански премиер. Според него, ДУИ се приклучила и со Љубе Бошковски, само за да го порази албанскиот кандидат во Струга, газејќи ја волјата на албанското мнозинство. Според Рашиди апсурдно е да се мисли дека премиерот ќе носи еднаквост, бидејќи еднаквоста го носи премиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека денеска на ул. Будимпештанска 26А поради дефект во шахта (промена на вентил од ф 3/4), со прекинато водоснабдување ќе бидат ул. Осло, Хашка, Будимпештанска и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.(општина Карпош)
Македонија
Денес втора седница на Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја свика втората седница на Советот за безбедност што ќе се одржи денес, 1 август, со почеток во 12 часот.
Членови на Советот за безбедност по функција се: Африм Гаши, претседател на Собранието; Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Панче Тошковски, министер за внатрешни работи; Владо Мисајловски, министер за одбрана; Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и тројцата членови, именувани од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска-Јорданова и Владо Спиридонов.
На втората седница на Советот за безбедност, на покана на претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски; директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Македонија
Сончево време со температура до 34 степени

Времето денес ќе биде потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени, јавува УХМР.
Во деновите од викендот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а од вторник се очекува стабилизирање на времето.