Црна хроника
Албански државјанин ограбувал цркви во Радожда
Албански државјанин ограбил три цркви во струшкото село Радожда, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Дваесет ичетиригодишниот М.М. од албанското село Катодеш во периодот од мај до јули ги ограбил црквите „Св.Петка“, „Св.Архангел Михаил“ и „Св.Недела“ во село Радожда, струшко.
Тој илегално ја преминувал македонско-албанската граница по што вршел обиколка низ Радожда и во погоден момент влегувал во црквите кадешто насилно и со физичка сила ги отворал влезните врати, влегувал внатре и одземал пари при што присвоил околу 3.000 денари.
По извршувањето на кражбите, М.М. по илегалниот пат се враќал назад во родното село.
Полицијата поднесе кривична пријава против него за сторени три кривични дела „тешка кражба“ и му е одредена мерка притвор во траење до осум дена.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

