Европа
Die Zeit: Украинскиот баталјон ‘Азов’ регрутира доброволци од странство
Претставници на украинската дијаспора во Украина ревносно одговорија на повикот на украинските неонацисти коишто ги повикуваат да стапат во редовите на паравоената единци УНА-УНСО и „Азов“, пишува во својата статија во германскиот магазин Die Zeit, новинарот Фолкер Зиферт.
Во текстот оваа појава се илустрира со примерот на 18-годишниот Дмитриј од Минхен, кој го напуштил школувањето за да замине на боиштето во одметнатиот рускојазичен исток на Украина.
„Дмитриј го прекина школувањето две години порано, за да замине да војува. Ќе треба да мине четиринеделен курс за борбена обука. Покрај тоа, неговата обука подразбира и идеолошко превоспитување“, пишува Зиферт и истакнува дека баталјонот во кој Дмитриј ќе ја мине обуката е под контрола на УНА-УНСО, организацијата којашто историски е позната по своето антисемитска и русофобска идеологија.
Според сознанијата на новинарот, во раководството на националистичкиот баталјон „Азов“ има луѓе кои се одговорни за комуникацијата со доброволци и платеници од странство. Неодамна, така, Москва реагираше до Хрватска во врска со присуството на десетици нејзини државјани кои се борат во редовите на паравоените единици на украинските националисти во источна Украина. Покрај тоа, регрутерите се повикуваат на националните чувства на потенцијалните доброволци.
Украинските баталјони блиски на крајната десница всушност воопшто не се заинтересирани за брзо решавање на конфликтот во источниот дел од земјата, туку само профитираат од војната создавајќи притоа и политички капитал, пишува Die Zeit.
Меѓу ваквите парамилитантни организации блиски на украинската крајна десница, се вбројуваат Десниот сектор, УНА-УНСКО, Украинска востаничка армија (УПА), Трозабецот на Степан Бандера“, организацијата Братство…/крај/мф/сн
Извор: Die Zeit
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ги убил двајцата внуци, па си пресудил самиот на себе: пензионер се забарикадирал во куќа во Шпанија
Трагедија се случи во мал шпански град кога пензионер ги уби своите двајца внуци на возраст од 10 и 13 години пред да се самоубие – два месеца откако сопруга и ќерката му загинаа во сообраќајна несреќа додека тој возел.
Полицијата ја опколила куќата на 72-годишниот маж откако тој синоќа се забарикадирал во имотот со момчињата.
Нивните три тела беа пронајдени околу 8.30 часот утринава во разни простории од куќата во Хуетор Тајар – град со околу 10.000 жители, во близина на градот Гранада во јужна Шпанија – кога насилно влегле вооружени полицајци.
Едното дете е убиено со огнено оружје, а другото се удавило.
Извори блиски до истрагата велат дека едно од децата имало прострелни рани, а другото се верува дека се удавило.
Истражителите на Цивилната гарда велат дека пензионерот се застрелал со истото огнено оружје што го користел за да го убие својот внук.
Неговата сопруга и ќерката, мајка на две деца, ја загубија борбата за живот кога беа исечени од остатоците од автомобилот што го управуваше 72-годишникот.
Европа
Се огласи болницата во Банска Бистрица: Ова се последните информации за состојбата на Роберт Фицо
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше ранет во обид за атентат минатата недела, е стабилна, соопштија од болницата во Банска Бистрица.
„Клинички се подобрува, комуницира, воспалителните параметри полека се намалуваат. Премиерот останува под наша грижа“, соопштија од болницата во Банска Бистрица по денешната седница на советот.
Фицо беше тешко ранет минатата среда по состанокот на кабинетот кога се приближи до насобраните луѓе.
Тој со хеликоптер беше префрлен во болницата во Банска Бистрица, каде што итно беше опериран и оттогаш е таму.
Претходните денови се зборуваше за префрлање на премиерот во друга институција, но како што може да се заклучи од денешното соопштение на болницата, тој засега останува во Банска Бистрица.
Европа
Украина со дронови нападна руска рафинерија: „Има штета, престана да работи“
Руска нафтена рафинерија во Славјанск, во Краснодарската област, беше оштетена по напад со беспилотно летало кон крајот на минатата недела, објави денеска државната новинска агенција „Тасс“ цитирајќи претставник на компанијата за безбедност.
Шест беспилотни летала погодија област на нафтена рафинерија во Славјанск во јужниот дел на Русија Краснодар во раните утрински часови, според локалните власти.
Новинската агенција „Интерфакс“ објави дека рафинеријата престанала да работи по нападот.
„Причинета е штета. Ќе се утврдат нејзината големина и опсегот“, ја цитира „Тасс“ изјавата на безбедносниот претставник Едуард Труднев во понеделникот.
Рафинеријата во Славјанск е приватна постројка со капацитет од речиси 100.000 барели дневно. Произведува гориво за домашни потреби и за извоз.