Hitech
Intel Corp и SwiftKey му помагаат на Стивен Хоукинг полесно да зборува

Физичарот Стивен Хоукинг ќе може побрзо и полесно да комуницира со светот благодарејќи на новата технологија на компаниите Intel Corp и SwiftKey која ќе ја замени старата платформа што неговиот компјутеризиран глас го правеше разбирлив на луѓето ширум светот.
Хоукинг, автор на бестселерот „Кратка историја на времето“, речиси е целосно парализиран и зависен од компјутерот преку кој зборува и пишува.
„Мојот поранешен систем беше стар речиси 20 години и беше тешко понатаму да комуницирам и да ги правам работите во кои уживам“, рече Хоукинг пред новинарите во вторник.
„Со овие подобрувања ќе можам многу побрзо да пишувам, ќе продолжам да предавам, да пишувам статии и книги и полесно да комуницирам со своите пријатели и семејството“, додава Хоукинг.
„Новиот систем ќе ми го промени животот и се надевам дека ќе ми служи и во следните 20 години“, рече познатиот научник.
Intel соопшти дека заедно со Хоукинг работел три години на новата платформа наречена ACAT(Assistive Context Aware Toolkit).
Новиот систем, што ќе го контролира инфрацрвен прекинувач поставен на очилата на Хоукинг, ќе му овозможи да зборува двапати побрзо од досегашниот говор, а останатите вообичаени работи, како пронаоѓање на компјутерските фајлови, ќе ги забрза до десет пати.
Системот работи врз основа на претпоставени текстуални алгоритми што ги разви британската компанија SwiftKey, слични на оние во паметните телефони и одреден збор ќе го одбере само по внесувањето на 10 до 15 отсто од буквите, што значително ќе го намали потребниот труд и време.
Програмата на почетокот на следната година ќе биде јавно достапна, па ќе можат да ја користат и останатите со болест на моторните неврони, квадриплегија и други слични болести.
„Таа технологија што ќе биде бесплатна и достапна до сите би можела многу да им го олесни животот на инвалидите ширум светот“, истакна Хоукинг.
Еден елемент, сепак, не е унапреден. Хоукинг, кој поголем дел од својата кариера ја помина на Универзитетот Кембриџ, се пошегува дека неговиот компјутеризиран глас со северноамерикански акцент сепак не би требало да се менува. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
Познатиот онлајн форум падна: корисниците ширум светот пријавија прекин

Интернет форумот Редит денеска „падна“, оставајќи илјадници корисници ширум светот без пристап.
На својата страница со статус, Редит соопшти дека истражува зголемен број грешки на страницата и апликацијата.
Според податоците од веб-страницата Downdetector, која ги следи прекините со собирање извештаи од различни извори, повеќе од 112.400 корисници пријавиле дека платформата била прекината во 11:39 часот по источно време.
Повеќето корисници пријавија проблеми со апликацијата, но потешкотии беа забележани и на самата веб-страница.
Се чини дека форумот оттогаш стана повторно достапен, иако не беше дадено објаснување за прекинот.
Hitech
Прекин на WhatsApp: корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Популарната апликација за пораки WhatsApp денеска се соочи со сериозен прекин, оставајќи илјадници корисници оневозможени да се поврзат, да испраќаат пораки или да остваруваат повици, и преку мобилната апликација и преку веб-верзијата.
Социјалните мрежи се преплавени со извештаи за корисници кои пријавиле тешкотии со WhatsApp. Најчесто се пријавуваат проблеми со испраќање пораки, неуспешно воспоставување врска, како и нефункционални повици.
Според веб-страницата Downdetector, која го следи статусот на дигиталните услуги, забележано е нагло зголемување на поплаките од корисниците.
На глобално ниво, околу 1.000 корисници пријавиле проблеми – 91% од нив навеле тешкотии со испраќање пораки, 6% со функционирањето на самата апликација, додека 3% од корисниците изјавиле дека не можат да примаат пораки.
Компанијата Мета, која е сопственик на WhatsApp, се уште нема објавено официјално соопштение во врска со суспензијата на услугата.
Hitech
(Видео) Илон Маск: За пет години ќе можете да купите 18+ роботи

Илон Маск се појави на поткастот на Џо Роган и се претстави како десна рака на Доналд Трамп и шеф на иницијативата DOGE (Одделот за владина ефикасност).
Една од темите беше вештачката интелигенција, а фокусот беше на неговата програма за вештачка интелигенција позната како „Грок“, до која луѓето може да пристапат преку „Икс“.
Роган се пошегува дека „Грок“ има валкан режим на разговор од 18+ и непресметлив режим нарекувајќи го многу чуден. Маск зборуваше и за можностите за развој на секс-роботи предвидувајќи го нивното доаѓање на пазарот за помалку од пет години. „Тоа е валкана вештачка интелигенција и тоа е вистински проблем“, се пошегува Роган додавајќи: „Тоа е чудно време и со вашата луда вештачка интелигенција нè туркате во сè почудни ситуации“.
„Набргу вакви роботи ќе се најдат на отворен пазар, во продавници“, повтори Маск. „Дали ќе бидат топли?“, го прашал Роган, на што Маск одговорил: „Веројатно ќе имаш што сакаш“.