Црна хроника
Во протестите на Бит пазар повредени дваесетина полицајци
Според првичните информации, досега на повреди се пожалиле дваесетина полициски службеници и неколкумина учесници во протестите и на сите им е укажана соодветна медицинска помош, а при полициската интервенција беа лишени од слобода и приведени шест лица кои се спроведени во полициски станици, информираше во петокот попладне Министерствто за внатрешни работи.
По завршување на првичната цел на полициската интервенција, односно воспоставувањето на јавниот ред и мир, Министерството за внатрешни работи врз основа на сопствените снимки, но и снимките од медиумите ќе продолжи да работи на идентификација и на останатите хулигани кои учествуваа во насилните инциденти и ќе ги преземе сите мерки против нив.Поголем број демонстранти, кои протестираа поради доживотните затворски казни за обвинетите во случајот „Монструм“ односно за убиствата на петте лица кај Смилковското езеро крај Скопје, како и за тероризам од радикални исламистички позиции, како што ги квалификуваше МВР – хулигани дел од екстремно агресивната и насилна толпа, со камења и тврди предмети попладнето ги нападнаа полициските службеници кои ги обезбедуваа ненајавените протести. Демонстрантие палеа предмети по булеварите во централното градско подрачје и ја оштетија фасадата на Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Доцна попладнето насилните демонстранти веќе се потиснати и се преземаат дополнителни мерки за обезбедување на јавниот ред и мир.Протестите започнаа околу 13,20 часот на ул.„Цветан Димов“ пред џамијата „Јаја Паша“ по традиционалната пладневна молитва, каде се собраа, според процената на скопската полциија повеќе 200 граѓани кои носеа различни протестни транспаренти и знамиња. Масата започна да се движи во правец кон Бит пазар во 13,40 часот. До 14 часот бројката на луѓе кои протестираа се искачи, и според процените на медиумите таа се движеше до две илјади, и голем дел од нив за време на своето движење кон Основнито суд Скопје 1 Скопје, со камења и други предмети ги гаѓаа полициските службеници-ангажирани за обезбедување,а пред судот продолжија со извици „Алаху акбар“ и каменување на зградата.Во 14 часот полициските службеници-ангажирани за обезбедување, професионално и согласно стандардните оперативни процедури, започнаа со мерки за растурање на масата и спречување на движењето на насилната толпа кон Влада на РМ. Околу половина час подоцна, откако беа спречени во намерата, масата започна со движење назад кон Бит пазар. Околу 15,30 часот околу 300 лица кои протестираа се повлекоа на улицата „Цветан Димов“, а поголемиот дел се растурија, соопштија до МВР .Припадниците на интервентната полиција и натаму продолжуваат со обезбедување на претходно утврдените критични локации. Од МВР порачаа дека ќе ги следат и социјалните мрежи преку кои се одвиваше мобилизацијата за насилните протести и апелира граѓаните да не дозволат да бидат манипулирани и инволвирани во какви било нарушувања на јавниот ред и мир./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
10-годишно девојче тешко повредено од заталкан куршум во Глумово
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Охриѓанец приведен откако со дрвен предмет и нож нападнал сограѓанин
Полициски службеници од СВР Охрид синоќа, на 31 јануари 2026 година во 23:20 часот, го лишиле од слобода Г.А. (49) од Охрид, по пријава за насилен инцидент што се случил на улицата „Марко Нестороски“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот најпрвин со дрвен предмет го нападнал Р.С. (40) од Охрид, по што извадил нож и замавнал кон него. Со брза интервенција на полицијата, напаѓачот бил приведен, со цел спречување на понатамошна ескалација на насилството.
По целосно документирање на настанот, против Г.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, согласно законските прописи.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

