Контакт

Региони

Битола го одбележува Денот на ослободување на градот

Објавено пред

Со повеќе активности и настани Битола во вторник, 04-ти ноември, ќе го одбележи Денот на ослободување на градот.

dobivaj vesti na viber

Одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола ќе почне со традиционалниот прием на претставници на Општинскиот одбор на Сојузот на борци – Битола од страна на градоначалникот  и полагањето свежо цвеќе на споменикот на НОАВМ. 

На пладне во Кабинетот на градоначалникот ќе биде организиран прием на гостите од збратимените градови, а ќе биде потпишан и меморандум за соработка со градот Нингбо, Кина. 

Вечер, во 19 часот во НУ Народен театар ќе се одржи свечено доделување на наградата „4 Ноември“. Уметничката програма „За моја Битола“ ќе биде збогатена со Камерниот оркестар од Битола и изведувачите Каролина Гочева, Ламбе Алабаковски, Бојан Стојков и Ирена Димовска – Митревска. 

Активностите за одбележување на Денот на ослободувањето започнаа на 31-ви октомври со Конференција на тема „ИТ иновации во бизнис опкружувањето“ и „Свеченото отворање на XXII интернационален фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“. На први ноември се одржа меѓународен шаховски турнир за слепи лица, промоција на книгата „Битола низ разгледници“ од авторот Димче Најдов, промоција на ЦД и ДВД од концертите „Хармониките“  и „Македонски непокор“, а во организација на Младинскиот европски форум во спортската сала „Младост“ со гостување на познати ди џеи се одржа „DREAM LIVE FESTIVAL”. 

Во понеделник вечер (03.11), во присуство на голем број гости беше отворен Почесниот конзулат на Република Босна и Херцеговина, а за почесен конзул е назначена Билјана Дамјановска Јанчевска. Веднаш после свеченото отворање на конзулатот, во НУУБ „Свети Климент Охридски“, концерт одржа пензионерската пејачка група „Сирма војвода“, а на Широк Сокак со рекорден број учесници – над 1000 основци, средношколци, студенти и граѓани се одржа традиционалната ноќна атлетска трка во организација на Сојузот на спортови од Битола и Сојузот на Училишен спорт. Во Културниот центар Магаза беше отворена традиционалната ликовна изложба во организација на Друштвото на ликовни уметници од Битола.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Најмалку пет жртви во руски напад врз Киев, луѓето се кријат во метро станици, нападнати станбени објекти

Пет лица загинаа во синоќешните напади на Русија врз Киев со беспилотни летала и ракети. Повредени се десетици луѓе, а...

Свет3 часа

Трамп: Тотално уништување на иранските нуклеарни објекти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали ефектот од американските напади врз иранските нуклеарни објекти, иако според прелиминарните извештаи се...

Свет3 часа

Стејт департментот издаде глобално предупредување за Американците

По нападите на САД врз Иран, на граѓаните на САД ширум светот им се препорачува зголемена претпазливост. Стејт департментот издаде...

Свет3 часа

Се огласи врховниот лидер на Иран: Ционистичкиот непријател направи голема грешка, мора да биде казнет

Додека светот ја чека најавената иранска одмазда за нападите на САД врз нуклеарните постројки, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али...

Македонија4 часа

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа викендов одлучи да ја напушти коалицијата со...

Македонија4 часа

Нефункционални лифтови и проблеми со топла вода во домовите, алармираат студентите

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и...

Топ18 часа

Скопјанец ја истепал 4-годишната ќерка кога се качила на креветот за да ги земе играчките, има набиеница на главата, се бара притвор

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за нанесување телесна повреда врз четиригодишната ќерка. Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради...

Свет19 часа

Иран: Ние претрпевме штета, но нашето нуклеарно знаење не може да биде уништено

По американските напади во неделата, Иран смета дека неговото знаење во нуклеарната технологија не може да биде уништено. „Треба да...

Македонија21 час

Единаесет македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив, небото над Израел денес е затворено

По денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и...

Македонија24 часа

12 отсто од вработените на Клинички ќе паркираат на пет минути пеш за да им се олесни пристапот на пациентите, најави Алиу

Триста вработени од вкупно 2.500 на Клиничкиот центар Мајка Тереза од 1 јули ќе можат да ги паркираат своите возила...

Топ1 ден

Хаос во хотел во Лазарополе: скопјанец фрлал предмети и нападнал сограѓанин

Дваесет и деветгодишен скопјанец, К.Ж. е приведен по инцидент што се случил синоќа во хотел во Лазарополе. Според информациите од...

Македонија1 ден

Инжинери на Македонија: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки....

Свет1 ден

САД го нападнаа Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ги завршиле нападите врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц...

Македонија2 дена

Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе...

Топ2 дена

Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор во Бутел, ползејќи и губејќи свест стигнала до дворот да повика помош

Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста. Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја...

Македонија2 дена

ЗНАМ очекува до крајот на месецот да ги заврши преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за взаемна поддршка на некои кандидати за градоначалници

ЗНАМ на локлните избори ќе настапи самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници, а со ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија2 дена

Вработениот во Народната банка се сомничи дека го зел синиот ранец со пиштолот со кој се убиени Вања и Панче, покрената е истрага

Обвинителството покрена истрага за помагање за З.Д., вработениот во Народната банка, член на партијата на Љупчо Палевски, Десна, кој беше...

Македонија2 дена

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Група млади активисти и уметници под менторство на програмата за креативен активизам на Центарот за современи уметности реализираа впечатлива и...

Македонија2 дена

Вештачката интелигенција постепено ќе навлезе во училиштата во Македонија, Јаневска подготвува документ со насоки

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го...