Спорт
„Судењето не е исто откако Перез му се јави на првиот човек на Сојузот“

Шпанската јавност денес се занимава со натпреварот помеѓу Атлетик Билбао и Реал Мадрид, односно со пеналот што го доби „кралскиот клуб“ и пеналот што не беше суден за Атлетик. Дополнителна прашина ќе крене изјавата на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој рекол дека судењето се сменило по разговорот на претседателот на Реал, Флорентино Перез, со првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубијалес.
Тебас тврди дека на почетокот на година Перез во телефонски разговор со Рубијалес се жалел на судењето.
„Постојано повторувам дека сѐ што има врска со ВАР во Шпанија се смени откако Флорентино Перез во јануари лично му се јави на Луис Рубијалес за да му се жали на судењето. Тој тоа го направи 20 минути по еден натпревар на Реал. Според мене, тоа е скандалозно и непримерно однесување. Се врши директен притисок врз судиите. По тој повик, сѐ се смени, се створи непотребен притисок и несогласување помеѓу судиите во ВАР-собата и судијата на теренот“, рекол Тебас и дополнил:
„Ние сакаме борбата во Ла Лига да биде отворена, да нема доминација на една екипа, која во сезоната ќе освои 90 бода. Сакаме сите да победуваат, да губат, да играат нерешено. Токму тоа се случува оваа сезона“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вирц откри зошто го избрал Ливерпул пред Баерн

Флоријан Вирц го оствари рекордниот трансфер ова лето. Така и ќе остане доколку Њукасл не се согласи да му го продаде на ливерпул, Александер Исак. Ливерпул со трансферот на Вирц го урна англискиот рекорд, на Баер Леверкузен му плати 125 милиони евра.
За многумина вистински шок предизвика одлуката на Вирц да се пресели на „Енфилд“. Најмногу шокирани беа челниците на Баерн Минхен. Долго време се шпекулираше дека тлентираниот играч од редот за врска кариерата ќе ја продолжи во најтрофејниот германски клуб.
„Исто како пред пет години, кога го напуштив Келн на 16 години и отидов во Леверкузен, барав место каде што најдобро ќе можам да ги развијам моите фудбалски вештини и каде што ќе можам да станам најуспешен играч“, рече Флоријан Вирц и додаде:
„Затоа го избрав Ливерпул. Сè уште не сум се покајал. Интензивно ги истражував двата клуба, не беше лесно да донесам одлука. Но, ја донесов со 100 проценти убедување и сум среќен поради тоа.“
Тој сакаше да ја промени земјата, бидејќи верува дека тоа е поголем предизвик, дека на тој начин ќе напредува побрзо и повеќе. И како играч и како личност.
„Голем чекор е да се оди во друга земја и да се соочиш со сите промени. Исто така, да се прифати нова улога во тим со различен стил. Дефинитивно би рекол дека е поголем предизвик, свесно го избрав за да станам подобар играч.“
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Милан се откажа од Бонифејс, тргна по наследникот на Ѓекереш

Фудбалскиот клуб Милан се откажа од трансферот на Виктор Бонифејс поради проблемите со повредата на Нигериецот. Бонифејс беше во Милано, се појави на медицинските прегледи, по што клубот реши да се откаже од напаѓачот. Откако им пропада обидот да го донесат Бонифејс, челниците на милан го катиираа „планот Б“, а тој се вика Конрад Хардер.
Хардер е 20-годишниот напаѓач на Спортинг Лисабон. Талентираниот Данец пристигна во главниот град на Португалија од Нордсјеланд пред помалку од една година, во трансфер вреден 19.000.000 евра.
Оттогаш, тој одигра 51 натпревар за португалскиот шампион, забележа 12 гола и седум асистенции. Физички и во однос на стилот на игра, тој наликува на Виктор Ѓекереш. Хардер беше проектиран за наследник на швеѓанецот кој се пресели во Арсенал.
Милан за трансферот на младиот Данец ќе треба да издвои 27.000.000 евра.
Спорт
(Видео) Општа тепачка на Американскиот куп, не се знае кој кого удира

„Третото полувреме“ од натпреварот помеѓу Аргентина и Доминиканската Република беше скандалозно.
Играчите започнаа физичка пресметка, на центарот од теренот и за момент не беше јасно кој кого удира.
Речиси половина минута траеше сериозниот инцидент во салата во Никарагва, каде што се одржува Американското првенство.
Доминикана славеше по драмата и продолжението (84:83), во второто коло од Групата Ц.
Се очекува реакција од Светската кошаркарска федерација (ФИБА), како и можни санкции.
I campionati americani sono iniziati all'insegna della sportività. Questi sono i dominicani e gli argentini che si salutano dopo il match vinto dai primi. È commovente vedere tutti questi baci e abbracci tra giocatori.
(via @Eurohoopsnet)pic.twitter.com/7RAG22GEyH
— La Giornata Tipo (@parallelecinico) August 25, 2025