Регион
Женските групи против изјавите на турскиот претседател Ердоган
Шеесет ипет турски организации за заштита на правата на жените откупија во четвртокот цела страница во еден од најпродаваните турски дневни весници Hurriyet, осудувајќи го претседателот Реџеп Тајип Ердоган поради неговите изјави од понеделникот, меѓу кои и беше онаа дека „рамноправноста меѓу мажите и жените е противприродна“.
Шеесет ипет турски организации за заштита на правата на жените откупија во четвртокот цела страница во еден од најпродаваните турски дневни весници Hurriyet, осудувајќи го претседателот Реџеп Тајип Ердоган поради неговите изјави од понеделникот, меѓу кои и беше онаа дека „рамноправноста меѓу мажите и жените е противприродна“.
Огласот во Hurriyet беше објавен откако турскиот претседател на меѓународна конференција во Истанбул посветена на жените и правдата, организирана од стана на асоцијацијата за права на жените и демократија KADEM, рече дека според исламот жените мора мајчинството да го стават на прво место.
„Жените и мажите имаат исти права“, се вели во објавениот текст на женските здруженија, во кој се додава дека Турција и онака многу заостанува зад меѓународните стандарди во сферата на правата на жените. Додаваат и дека претседателот Ердоган и претходно давал слични изјави за правата на жените, и го обвинуваат дека го крши Уставот на земјата и меѓународните договори коишто Анкара ги потпишала. „Нема да се откажеме од рамноправноста“, се вели во писмената изјава, во која се повикуваат турските жени да станат и да ги заштитат своите права.
„Понекогаш велат ’еднаквост меѓу мажите и жените’ (…) Сепак она што е од особено суштинско значење е еднаквоста на жените пред правдата“, рече турскиот претседател во понеделникот. „Не можете да ја ставите мајката којашто дои на иста позиција со исти очекувања како маж кој ја нема таквата одговорност“, рече Ердоган. Турскиот претседател, исто така, го изрази своето мислење дека „приоритет“ на жените би требало да биде мајчинството, велејќи дека тоа е исправниот исламски начин на живеење. „Не можете да ги ставите жените на истите работни места како и мажите, како што тоа го правеа поранешните комунистички режими. Дај и’ лопата и барај од неа да работи?! Не може тоа да се прави. Тоа е против нејзината кревка градба“, порача Ердоган.
Претседателот, кој до 2014 година кога надмоќно победи на претседателските избори цели 11 години беше премиер, рече дека родовата рамноправност во работната сила е спротивна на „законите на природата“, претходно беше критикуван за изјавата дека секое турско семејство би требало да има најмалку три деца. Ердоган, исто така, ги обвинуваше заложбите за право на абортусот како „убиство“ и воведувањето на ограничувањето за породување со царски рез./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Атина без такси 48 часа: возачите на улица против даночните мерки
Таксистите во Атина најавија 48-часовен штрајк, објави „Катимерини“. Нивното незадоволство произлегува од новите даночни политики и задолжителниот премин кон електрични возила.
Синдикатот на таксистите во Атина (SATA) наведува дека задолжителното воведување електрични автомобили го загрозува опстанокот на секторот, поради недостаток на соодветна инфраструктура за полнење, прифатливи цени на електричната енергија и реални трошоци за возилата. Таксистите оценуваат дека ваквиот потег претставува економско уништување, а не зелена транзиција.
Возачите изразија загриженост и поради недостиг од јасна регулаторна рамка која ги раздвојува такси-услугите од возилата за изнајмување со возач. Според SATA, такси-возилата обезбедуваат превоз од точка до точка, додека приватните компании за изнајмување продаваат време на патување.
Синдикатот тврди дека мултинационалните апликации за споделено возење го нарушуваат пазарот, посочувајќи дека грчките професионалци работат под строг надзор, додека странските компании функционираат без доволна контрола или локална даночна основа.
Таксистите бараат и пристап до лентите за автобуси при превоз на патници, нагласувајќи дека такси-услугите се дел од јавниот превоз и дека ограничувањата ги зголемуваат сообраќајните гужви и негативното влијание врз животната средина. Во однос на оданочувањето, SATA истакнува дека возачите се соочуваат со неправичен третман и растечки трошоци за гориво, одржување и живот, наведувајќи дека секторот повеќе не може да издржи прекумерен даночен притисок.
Фото: pexels
Регион
Вучиќ од Абу Даби: Пандорината кутија е отворена; ќе дадам сѐ за да го зачуваме мирот и нашата земја
Претседателот на Србија Александар Вучиќ им се обрати на граѓаните од Абу Даби, каде што присуствуваше на отворањето на Неделата на одржливост 2026 и се сретна со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед.
Вучиќ изјави дека државата мора сериозно да се насочи кон развојот на вештачката интелигенција, нагласувајќи дека светот влегува во нова ера на големи промени.
„Големи промени се случувале и порано – од 15 век, кога Европа воспоставила доминација благодарение на научните откритија и освојувањето територии. Денес сите гледаат дека доаѓа ново време кое го носи вештачката интелигенција. Ние сме на 39. место во светот според индексите, што е подобро отколку што очекувавме“, рече Вучиќ, пренесе „Б92“.
Тој додаде дека тоа не е доволно и предупреди дека за шест месеци неработење Србија може да падне и на 70. место, нагласувајќи дека мора постојано да се работи и учи.
„Се соочуваме со две работи – огромен напредок и стравот кај луѓето дека ќе ги загубат работните места“, изјави Вучиќ.
Тој истакна дека државата мора да создаде рамка која ќе го поттикне развојот на вештачката интелигенција, но и ќе гарантира дека граѓаните нема да останат без работа. Посочи дека три проценти од енергијата во Европа се трошат на суперкомпјутери и дека ќе биде неопходно зголемување на енергетските капацитети.
„Важно е да го подготвиме теренот за децата што доаѓаат по нас, за да можат рамноправно да се натпреваруваат со другите во светот“, додаде тој.
Вучиќ информираше дека имал кратка средба со шеикот Мохамед бин Зајед и изрази благодарност за гостопримството, додавајќи дека наскоро се надева на добри вести поврзани со НИС.
„Мораме да ги зголемиме капацитетите на ЕПС, но и да склучуваме договори со други за да ги обезбедиме нашите потреби“, изјави српскиот претседател.
Осврнувајќи се на меѓународната ситуација, Вучиќ зборуваше за Гренланд и Иран, оценувајќи дека светот влегува во период на голема неизвесност.
„Не се радувам на ништо од тоа што се случува. Се плашам од времето во кое влегуваме. Пандорината кутија е отворена и повеќе никој не може да ја контролира“, рече Вучиќ, додавајќи дека ќе вложи целосна енергија за да ги зачува мирот и државата.
Тој нагласи дека граѓаните на Србија не треба да се грижат и дека државата внимателно ја следи ситуацијата. Потврди и дека утре ќе има билатерална средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати.
„Станува збор за двајца лични пријатели. Разговараме како да ја унапредиме соработката. Не заборавајте дека дел од дроновите ги набавуваме од тука“, изјави Вучиќ.
На крајот, тој се осврна и на критиките од дел од медиумите, нагласувајќи дека Србија успеала да издржи и во најтешките моменти, дури и кога 94 дена немало испорака на нафта, без граѓаните да го почувствуваат тоа.
Регион
Снег падна и на Крит и островите во Егејот, дел од училиштата затворени
Снег падна во Грција, на полуостровот Халкидики и на островите во северниот Егеј – Лимнос, Лезбос, Хиос и Споради, како и на планините околу Атина, но и на Евија и Крит.
На Крит сообраќајот на места беше во прекин поради силен град.
Поради временските услови, работата на повеќе училишта е прекината, а наставата се одвива онлајн таму каде што е можно.
Иако температурите се над нулата, снегот и понатаму се задржува.
Фото: pexels

