Европа
Баросо: ЕК го претстави предлогот за санкции против Русија

Европската комисија ги претставила во петокот законските предлози со насочени секторски санкции против Русија во врска со ситуацијата во Украина, се наведува во соопштението на претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо објавено доцна ноќта.
„Добивајќи го мандатот за подготовка на пакетот со рестриктивни мерки во однос на улогата на Русија во дестабилизацијата и ескалацијата на ситуацијата во Украина, Европската комисија денеска го претстави законодавниот предлог врз основа на конкретни мерки поднесени до Европската комисија од земјите членки (на Европската унија) претходно оваа седмица“, се наведува во соопштението. Баросо истакнува дека „се очекува конечната одлија на земјите членки на Европската унија“. „Се надевам дека земјите членки ќе постигнат согласноста за овој пакет рестриктивни мерки следната седмица“, изјави претседателот на Европската комисија.Како што се истакнува уште во соопштението, Комитетот на постојаните претставници (амбасадори) на земјите членки на Европската унија (Coreper) ќе разговараат за овој предлог на средбата на 29-ти јули, вторник. Во четвртокот Европската комисија и Еввопската служба за надворешна политика им ги претставнија на земјите членки предлозите за новите санкции против Русија. Тие беа нарачани од министрите за надворешни работи на ЕУ од 22-ри јули и вклучуваат предлози за ограничување на пристапот на Русија до европските финансиски пазари, како и одбранбената и енергетската технологија.Пакетот санкции подготвен од Европската комисија, според дипломатски извори од Брисел, вклучува времено ограничување на достапот на Русија до одредени видови финансиски и банкарски услуги, склучување нови договори во сферата на одбраната и продажба на технологии со двојна намена, иновациски технологии, како и забрана за продажба на нови технологии и хај-тек опрема во сферата на производството и испораката на нафта и гас. Во меѓувреме токму санкционирањето на сферата на гасот предизвика бројни приговори на последното заседание на Комитетот на ЕУ на ниво на постојани претставници на земјите членки, бидејќи многу од нив се многу зависни од испораките на рускиот гас, а на ниво на целата Унија тоа се движи од најмалку третина од севкупните потреби./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Почна преместувањето на телото на папата

Првата снимка доаѓа од капелата во Домот Света Марта, каде кардиналите се собрани во молитва.
„Го придружуваме Франциско на ова последно патување“, се вели во преносот, „со сите добри дела што ги направи за доброто на Црквата“.
По префрлањето на телото на починатиот папа од неговата резиденција во базиликата Свети Петар во Ватикан, телото буквално ќе им биде изложено на верниците.
Поворката започнува од капелата на Домот. Во него учествуваат кардинали и патријарси, а потоа кардиналот одаран и господарот на литургиските празнувања.
Носителите ќе го пренесат телото на починатиот папа Франциско, а ќе ги следат неговите секретари, членовите на семејството и персоналот.
Поворката ќе помине низ Via della Sacrestia, потоа преку плоштадот на римските првомаченици и сводот на камбаните за да влезе на плоштадот Свети Петар. Откако ќе поминат низ секторот Свети Петар, ќе се упатат кон централниот дел на плоштадот, ќе се искачат на централната зграда и потоа преку централниот портал ќе влезат во базиликата Свети Петар, каде што минувајќи низ главниот кораб ќе стигнат до гробот на Свети Петар.
Верниците ќе имаат можност да му оддадат почит на Папата во деновите пред погребот во сабота.
Базиликата ќе биде отворена во следните периоди:
Среда, 23 април – од 11:00 до 12:00 часот по локално време
Четврток, 24 април – 07:00 до 24:00 часот
Петок, 25 април – од 07:00 до 19:00 часот
Европа
Масовен руски напад врз украинскиот регион, девет загинати, 30 повредени

Руско беспилотно летало удрило во автобус со работници во украинскиот град Марханец рано утринава, при што загинале најмалку девет лица во бранот напади чија цел била цивилната инфраструктура во источна, јужна и централна Украина, соопштија официјални лица.
Целосниот обем на нападот, кој ги држеше будни Киев и источната половина на Украина неколку часа во текот на ноќта, не беше веднаш познат.
„Русите нападнаа автобус со вработени во компанијата кои одеа на работа во Марханец“, изјави на Телеграм Микола Лукашук, претседател на регионалниот совет на Днепропетровск.
Серхи Лисак, гувернер на регионот Днепропетровск, кој го опфаќа Марханец, во централна и јужна Украина, рече дека девет лица загинале, а најмалку 30 се повредени во нападот.
Украинската служба за итни случаи соопшти дека имало и напад на квартот Синелникевски во областа Дњепропетровск, во кој две лица се повредени, а избувнал пожар во земјоделско претпријатие.
Русија, исто така, изврши „масовен“ напад со беспилотни летала врз централниот украински регион Полтава, при што беа повредени најмалку шест лица, соопшти службите за итни случаи во објава на апликацијата за пораки Телеграм.
„Само цивилната инфраструктура на градот беше под непријателски напад“, објавија службите за итни случаи на Телеграм.
Избувнале неколку пожари кои оштетиле станбени згради, деловни објекти, магацини и гаражи, информираат од службите за итна помош, објавувајќи фотографии од пожарникарите кои ноќе се борат со пламените јазици.
Две лица се повредени во напад со беспилотно летало врз цивилна инфраструктура на периферијата на пристанишниот град Одеса на Црното Море, кој исто така предизвика неколку пожари, изјави на Телеграм Олех Кипер, гувернер на јужната украинска област Одеса.
Големи пожари избувнаа и како резултат на напад на руски дрон врз вториот по големина град во Украина, Харков, изјави градоначалникот Ихор Терехов на Телеграм.
Единиците за противвоздушна одбрана исто така беа ангажирани во одбивањето напади врз регионот на Киев, но нема извештаи за потенцијална штета.
Засега нема коментар од Русија за нападите.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините единици за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 11 украински беспилотни летала над неколку руски региони и над Кримскиот Полуостров. Регионалните гувернери изјавија дека нема извештаи за непосредна штета.
Европа
Телото на папата Франциско денеска ќе биде преместено во базиликата

Телото на папата Франциско утрово ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар. Церемонијата започнува во 9 часот, соопшти Ватикан.
Телото на папата моментално е положено во ковчег во капелата на Домот Света Марта, каде што живеел за време на неговото папство.
Ватикан вчера соопшти дека погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота во 10 часот на плоштадот Свети Петар. Тој ќе биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим.
На последното збогување ќе присуствуваат стотици илјади верници, како и странски лидери како американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски.