Црна хроника
Деловски: Дали има или нема вина кај Алачки за сообраќајката, ќе оцени Вишото јавно обвинителство
– фото илустрација
Згрозени сме од крајно непрофесионалниот однос на Основното јавно обвинителство(ОЈО), кое објави во јавноста за отфрлање на кривичната пријава против Андријана Алачки заради „немање“ вина во сообраќајната незгода на ул. Рузвелтова, при што со смртно настрада Киро Деловски, без претходно да го информира семејството на загинатиот.
Згрозени сме од крајно непрофесионалниот однос на Основното јавно обвинителство(ОЈО), кое објави во јавноста за отфрлање на кривичната пријава против Андријана Алачки заради „немање“ вина во сообраќајната незгода на ул. Рузвелтова, при што со смртно настрада Киро Деловски, без претходно да го информира семејството на загинатиот.
Ова се вели во реакцијата на семејството Деловски упатена до медиумите, при тоа додавајќи дека конечниот збор ќе го даде Вишото јавно обвинителство.
„Вештачењата кои ги зема предвид Основното јавно обвинителство се во спротивност со вештачењето направено од вешто лице ангажирано од наша страна, при што зачудувачки е фактот што веројатно ниеден од наводите во ова вештачење не е земен предвид при донесување на решението. Станува збор за човечки живот и неразбирливо е со каква леснотија Основното јавно обвинителство, а првенствено Бирото за судски вештачења, утврдиле дека возачот на моторното возило нема вина во сообраќајната незгода која се случи во централно градско подрачје, на крстосница со двоен пешачки премин, каде неминовно е вниманието на возачот да биде упатено на пешачкиот премин, како и на пешаците кој во тој момент го минувале коловозот“, се вели во реакцијата од семејството Деловски.
„Сепак, цениме дека Вишото јавно обвинителство ќе најде за сходно да го преиспита целиот овој случај, кој според нас е контрадикторен и притоа ќе утврди колкава е вината на секој од учесниците во сообраќајната незгода. Во интерес на „истрагата“, како семејство во изминатиот период не дававме никакви коментари на информациите кои беа пласирани во јавноста, надевајќи се дека самата истрага ќе биде водена професионално и непристрасно. Од досегашните резултати, уверени сме дека истрагата била се, само не непристрасна и објективна“, се вели во реакцијата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

