Црна хроника
Комбе со мигранти удри во три возила во Струмица
Комбе со мигранти предизвика сообраќајна несреќа вчера на улицата Младинска во Струмица. Според информациите, комбето, управувано од С. С. (27) од Кочани, удрило во „алфа ромео“, управувано од Б. Б. (26) од Струмица, и во две паркирани возила.
Полицијата во комбето пронашла 32 мигранти, од кои 15 од Авганистан, девет од Пакистан, шест од Бангладеш и по еден од Сирија и Ирак.
По незгодата, во Медицинскиот центар Струмица биле пренесени осум мигранти, при што кај двајца биле констатирани тешки телесни повреди, а кај шестмина телесни повреди.
Возачот бил приведен и задржан во Полициската станица Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во прифатниот транзитен центар „Винојуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.