Регион
Србија: Убиен имигрант од Авганистан во лов на диви свињи

Дваесетгодишен авганистански имигрант е убиен во вторникот вечерта на југоистокот од Србија во близина на Пирот, а за убиството е осомничен и уапсен локален ловец, соопшти во средата српското министерство за одбрана.
Авганистанецот застрелан во градите го нашле припадниците на заедничките сили на војската и на полицијата на Србија во текот на редовната патрола меѓу селата Славиње и Изатовци откако се слушнале истрели.
На местото од инцидентот затечени се шест имигранти, од кои еден со прострелна рана во градниот кош, и четворица локални ловци од кои едниот признал дека пукал.
Триесет и деветгодишниот ловец од Пирот изјавил во полицијата дека со колегите бил во лов на диви свињи и оти случајно го застрелал имигрантот. Групата имигранти, според неговиот исказ излегла од шума и се движела низ висока трева а тој стрелал во темницата во нив од растојание од сто метри со карабин оптика мислејќи дека се диви свињи.
Полицијата ја продолжува истрагата и ги испитува сите околности на инцидентот, како и дали ловците биле во недозволен лов, се наведува во полициското соопштение.
Меѓутоа, се смета дека ловецот го прекршил основното правило дека во цел се пука само доколку таа е јасно воочлива, а не се пука на сенка, шум претпоставувајќи дека е дивеч и оти ноќно време се користи рефлектор./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.