Црна хроника
Притворен 28-годишен педофил
Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишниот скопјанец И.Г., осомничен за „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години во обид“ и „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.
Скопјанецот на 2-ри ноември минатата година на улицата „Максим Горки“ во близина на плоштадот Македонија, пресретнал и застанал единаесетгодишно дете од Скопје, откако претходно го следел, го фатил и тегнел за рака притоа сакајќи да ја одведе во зграда на темно место на вториот кат. Во еден момент се обидел да го соблече и допира по телото по што детето успеало да се ослободи и побегнало во објект во кој е сместена туристичка агенција каде побарало помош од вработениот, барајќи истиот да се јави кај нејзиниот татко. Пријавениот влегол во објектот и кога видел дека детето објаснува, истиот му се обратил на вработениот дека ништо лошо не направил, туку само побарал детето да му покаже некоја зграда во близина, по што си заминал.
Од страна на таткото на детето настанот е пријавен во МВР, а детето извршило препознавање по фотографии и го препознало И.Г. како сторител на кривичното дело.
Во вториот случај, на 21-ви јануари, околу 12:30 часот на улицата „Никола Парапунов“ во паркот пред зграда бр.2 И.Г. пресретнал десетгодишно дете од Скопје и откако ја прашал дали знае каде е зграда бр. 9 во еден момент ја фатил за рака и под пазувите со намера да ја внесе во влезот од зградата. Детето му се спротивставило и го молело да ја пушти, на што И.Г. и рекол дека е извалкана на панталоните и почнал да ја допира за бутините, и ги соблекол панталоните и почнал да ја допира, но во еден момент детето успеало да му се отргне и да избега дома каде се сокрило во својата соба, а потоа за настанот кажала на својата мајка.
Настанот е пријавен од таткото на детето и воедно е извршено препознавање од фотодокументацијата, при што детето го препознало И.Г. како извршител на кривичното дело.
Полицијата испитува дали И.Г. е поврзан и со други слични дела.
Во извршената проверка во крим.евиденцијата на СВР-Скопје лицето И.Г. минува за сторени кривични дела: „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, „силување во обид“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување.
Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари или за повеќе од еден милион евра.
Двајцата, во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнaт целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11% и данок на додадена вредност од 18% на кои биле обврзани со закон, дале лажни податоци или воопшто не пријавиле факти од влијание за утврдување на износот на ваквите обврски, па поради тоа дошло до неутврдување на даночната обврска.
Затајувањето го вршеле така што избегнувале да ги пријават законските даночни обврски од трговија со златен накит, златни прачки и необработено сребро, како и необработениот кало-растур.
Ценејќи ги сите околности, пред се ризикот од бегство, можноста да продолжат да го извршуваат делото и опасноста од влијание на сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Црна хроника
Уапсен скопјанец: бил баран по потерница за издржување казна затвор поради грабнување и силување
Вчера, во 14:20 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода, при СВР Скопје, по издадена судска наредба, го лишија од слобода С.Х. (40) од Скопје.
Лицето било барано по потерница за издржување казна затвор во времетраење од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“.
По целосно документирање на случајот, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа.
Црна хроника
Претрес во Гевгелиско: пронајдена дрога и откриена импровизирана лабораторија
На 17.12.2025 во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица.
При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.
Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.

