Скопје
Скопјани купуваа, учеа и ја изразува својата умешност со цвеќе на третиот Скопскиот цветен фестивал
Огромен број граѓани имаа можност да купат цвеќе и цветни аранжмани, да ја изразат својата умешност со цвеќето, да добијат корисни совети, да се дружат на отворено и да се забавуваат во рамки на третото издание на Скопскиот цветен фестивал.
Скопскиот цветен фестивал кој што годинава се одржува под мотото „1000 цвета за Скопје“ го отворија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ.„Скопскиот цветен фестивал е традиционална градска манифестација која го слави цвеќето, зеленилото, природата и другарувањето на отворено“, рече градоначалникот Коце Трајановски, на отворањето на фестивалот, при тоа повикувајќи ги скопјани да се вклучат во интерактивните работилници, да ја покажат својата умешност во ракувањето со цвеќето, да се советуваат, да научат нешто ново, да си купат цвеќе и да ги доукрасат своите тераси и градини со ново зеленило.Третото издание на Скопскиот цветен фестивал ќе се одвива во текот на два фестивалски дена – денеска (14.05.2016 година, сабота) и утре (15.05.2016 година, недела) и на граѓаните ќе им понуди разновидни едукативни содржини и многу забава во природа. На отворањето на цветниот фестивал денеска му претходеше цветно дефиле во кое учествуваа околу 450 деца од градинките и основните училишта, како и велосипедисти од неколку велосипедски здруженија. Дефилето тргна од пред фонтаната „Лотосов цвет” во Градскиот парк и се движеше низ Градскиот парк кон локацијата на фестивалот. Покровител на овој цветен фестивал е градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а организатор е ЈП „Паркови и зеленило“.За посетителите, Скопскиот цветен фестивал ќе биде отворен денеска до 20 часот, како и утре (15.05.2016 година, недела) од 10 до 18 часот. /крај/со/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.

