Македонија
Николовски од Крива Паланка: Одлучуваме дали ќе продолжат да растат платите или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски
На 15 јули одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад! Одлучуваме дали ќе продолжат да растат платите или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски. Одлучуваме дали ќе се заштитиме од КОВИД вирусот или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос, паника и закана за здравјето на сите нас, рече Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3
„ На 15 јули одлучуваме дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски? Дали после НАТО ќе влеземе и во ЕУ или ќе им дозволиме да ја загрозат нашата иднина. Не смееме да ја прокоцкаме шансата, многу вложивме за неа. Денеска е последниот ден на кампањата.
За овие дваесетина дена го поминав целиот Исток, целата трета Изборна единица. Се сретнав, разговарав со многу луѓе земјоделци, работници, бизнисмени, лекари, пензионери… Граѓаните прават разлика! Имаат повисоки плати, подобар економски стандард, има поддршка за стопанствениците, за земјоделството, за младите, го вративме достоинството, нема веќе закани, нема веќе страв, нема уцени, слободно дишеме и зборуваме.
Одговорноста е на секој од нас. Заедно и одлучно треба да се спротивставиме и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Време е да тргнеме напред без ланци кои влечат кон минатото. На нашата држава и требаат чесни, храбри и одлучни политичари, кои работат единствено во интерес на граѓаните. Политичари кои се борат за правда, ред и дисциплина.
Затоа ни треба чист мандат. За да спроведеме одлучни и ефикасни реформи во правосудството, без блокади и кочење. Секој да одговара за стореното дело. Постигнавме многу, но можеме уште повеќе. Затоа, Ве повикувам на 15 јули, почитувајќи ги сите мерки за заштита, со маска на лицето и со држење на дистанца да го остварите своето право на глас. Гласањето ќе биде 100 проценти безбедно.
Вашата одлука ќе ја определи вашата и иднината на вашите деца. Затоа ова избори се толку важни, затоа во среда никој не смее да остане дома. На 15 јули од Истокот и целата држава, СДСМ и Коалицијата „Можеме“ ќе остварат голема и јасна победа. Ќе одиме напред“ порача Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

