Свет
Рекорден број починати во Австралија и покрај карантинот во Мелбурн

Австралиската држава Викторија потврди рекорден број смртни случаи и зголемен број заразени од коронавирус поради што многумина изразија страв дека карантинот во Мелбурн не функционира.
Во Австралија во изминатите 24 часа од коронавирус починале 13 луѓе, а дополнително се заразиле 723, што е скок од 36 проценти во однос на рекордниот број нови случаи што беше забележан во понеделникот.
Сега многумина стравуваат дека владата ќе мора да го продолжи карантинот во Мелбурн, кој почна на 7 јули, а треба да трае шест недели, пишува Би-би-си.
„Ако имате симптоми, единствено што можете да направите е да се тестирате. Едноставно, не можете да одите на работа“, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус.
Во Австралија досега се забележани 16.298 случаи и 189 смртни случаи на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.
Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници