Европа
Камерон: Европа мора да се промени
Британскиот премиер Дејвид Камерон во разговорот со претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер дека Велика Британија сака нов договор во Европа, на средбата пред разговорите со челниците на водечките земји членки на Европската унија предвидени за подоцна оваа седмица.
Централната тема на разговорот меѓу британскиот премиер Дејвид Камерон и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, одржан во понеделникот навечер во премиерската резиденција Чекверс, биле реформата на Европската унија и преговорите за новите односи меѓу Лондон и Брисел, соопшти портпаролката на британската влада.
„Премиерот нагласи дека британскиот народ не е задоволен од статус-квото и оти верува дека Европската унија треба да се промени за подобро да реагира на неговите интереси“, појасни портпаролката. Јункер повторил дека сака да се дојде до „праведно решение за Велика Британија и дека сака да помогне“, рече портпаролката и додаде дека двајцата соговорници се согласиле за потребата од натамошни разговори за да се оствари напредок.
Камерон пред неодамнешните парламентарни избори во Велика Британија вети дека повторно ќе преговара за условите на британското членство во ЕУ, како и дека до крајот на 2017 година ќе одржи референдум за останување на земјата во Унијата. Кампањата чијашто цел е дефинирање на новиот британски статус во ЕУ Камерон ја започна уште во 201 година на самитот на Унијата и поранешните советски републики во Латвија, која изјави дека е убеден дела ќе ги оствари своите барања, иако тоа воопшто нема да биде едноставно.
Според британскиот премиер, измените на правилата за социјална помош претставуваат апсолутен предуслов во новите преговори со Брисел. Камерон сака да постигне пропис со кој доселениците од другите земји членки на ЕУ ќе чекаат четири години пред да го стекнат правото на социјална помош во Велика Британија. Покрај тоа, има намера да овозможи протерување невработените граѓани од ЕУ доколку шест месеци не најдат работа.
Камерон оваа седмица ќе започне турнеја во чии рамки ќе посети пет европски престолнини и со клучните челници на членките на ЕУ ќе разговара за своите реформски планови.
Прво во четврток британскиот премиер ќе отпатува во Данска на работен појадок со својата данска колешка Хеле Торнинг-Шмид, по што ќе го посети холандскиот шеф на владата Марк Руте. Во четврток Камерон предвидува и работна вечера со францускиот претседател Франсоа Оланд, во неговата резиденција во Елисејската палата. Во петок Камерон ќе се состане со полската премиерка Ева Копач во Варшава, а потоа во Берлин ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел. Камерон, исто така, се надева дека ќе успее да разговара со сите 27 челници на земјите од ЕУ, пред состанокот на Европскиот совет кој ќ се одржи кон крајот на јуни, на кој се очекува да го претстави деталниот план за реформите.
Во понеделникот британската влада објави дека повеќето државјаните од земји членки на Европската унија коишто живеат во Велика Британија нема да можат да гласаат на тамошниот референдум. Кабинетот на премиерот Камерон соопшти дека правото на гласа на референдумот ќе го имаат само оние коишто инаку и имаат право на гласаат на националните британски избори, потоа членовите на горниот дом на парламентот и граѓаните на Комонвелтот во Гибралтар, британската енклава во Шпанија.
Тоа значи дека на референдумот ќе можат да гласаат британските, ирските, малтешките, кипарските и другите граѓани на Комонвелтот постари од 18 години и со престој во Обединетото Кралство, како и граѓани на Обединетото Кралство коишто живеат во странство помалку од 15 години. Другите државјани на земјите членки на ЕУ нема да имаат можност да се изјаснуваат на референдумот за останувањето на Велика Британија во Унијата. Инаку граѓаните од ЕУ кои живеат во Велика Британија може да гласат на локалните избори и на изборите за Европскиот парламент.
„Тоа е голема одлука за нашата држава, одлука за иднината на Обединетото Кралство. Оттаму, сметаме дека е важно за тоа да одлучуваат само британските, ирските и државјаните на Комонвелтот“, изјави за Reuters
Владата на Камерон во четврток на парламентот ќе му ги предложи правилата за одржување на референдумот, истиот ден кога премиерот, чиишто конзервативци претходно месецов остварија изненадувачки убедлива победа на парламентарните избори, тргнува на својата европска турнеја./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

