Контакт

Црна хроника

Македонец уапсен за меѓународен компјутерски криминал

Објавено пред

Македонец е уапсен во меѓународна операција за разбивање на меѓународен компјутерски криминал во кој можеше да биде нанесена штета од 500 милиони фунти.

dobivaj vesti na viber

При претрес во неговиот дом одземен е компјутерот кој дополнително ќе се вештачи по што ќе следува соодветна пријава. Според досегашните сознанија, улогата на македонскиот државјанин била да оперира со една од интернет страниците на кои биле нудени и препродавани украдените податоци од кредитни картички, за што добивал соодветен надомест.

Во големата меѓународна акција беа затворени вкупно 36 интернет страници кои се користеа за препродажба на компромитирани податоци од картички. Страниците беа идентификувани од страна на британската SOCA (Агенција за сериозен организиран криминал), FBI и US Department of Justice како специјализирани за продажба на податоци украдени од платежни картички, податоци од „online“ банкарски сметки и од платформи за трговија по електронски пат.

Овие страници на осомничените им овозможиле брзо и лесно да продадат огромни количества на украдени податоци. Во моментов посетителите кои би се обиделе да ги отворат овие страници се пренасочени кон екран на кој пишува дека истите се затворени од страна на органите на прогонот.

Во сеопфатната операција учествуваа и полициите на Германија, Украина, Австралија и Романија, а во изминативе две години  британската SOCA успеа да поврати над 2,5 милиони податоци од компромитирани лични финансиски информации. Повратените информации веќе се испратени до британските и останатите финансиски институции за да се превенира потенцијалната измама и да се спречи штетата од кражбата на податоците. Потенцијалната меѓународна штета од оваа измама која е спречена се проценува на 500 милиони фунти.

Во рамки на акцијата, британската SOCA приведе двајца британски државјани на возраст од 23 и 27 години од Бирмингем и Лондон.

Македонскиот државјанин со нив, според досегашните сознанија не се познавал лично, туку соработувале преку интернет./крај/мвр/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

24-годишник ја претепал мајка му во Охрид

Објавено пред

Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско

Објавено пред

На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.

dobivaj vesti na viber

Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.

Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот

Објавено пред

Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.

Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет46 минути

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија4 часа

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија6 часа

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија6 часа

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија9 часа

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија9 часа

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура10 часа

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија10 часа

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет10 часа

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија10 часа

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет11 часа

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет11 часа

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет11 часа

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа12 часа

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет12 часа

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...

Свет13 часа

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не спровела нуклеарни тестови, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател...

Македонија13 часа

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле

Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија1 ден

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ1 ден

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...