Црна хроника
Разбиена група што врбувала и превезувала потенцијални азиланти
Четири лица, од кои еден полицаец, заработија кривични пријави затоа што организирано врбувале, регрутирале и превезувале заинтересирани лица од Р. Македонија, потенцијални баратели на економски азил во земјите на ЕУ.
Кривични пријави се поднесени против 45 годишниот А.Н. и неговиот 28 годишен син А.Џ., двајцата од Кочани, потоа 38 годишниот А.Д. од село Опае, кумановско и 38 годишниот И.И. од село Биљановце, кумановско, полициски службеник во ПС за ГК Табановце.
Имено, пријавените А.Н. и А.Џ. како организатори на криминална група од подрачје на Кочани, Виница, Прилеп и Битола врбувале лица потенцијални баратели на економски азил и за износ од 250 до 350 евра од лице им организирале превоз кон западноевропските држави, додека пријавениот полициски службеник злоупотребувајќи ја службената положба (за парична надокнада од 50 до 70 евра од лице) без да ги евидентира во системот за гранична контрола на ГП Табановце, им овозможувал излез од Р.Македонија.
На 23 октомври пријавените А.Н. и А.Џ. организирале превоз на седум полнолетни лица и две деца од подрачје на повеќе градови (Прилеп, Битола, Кочани и Виница) од Р.Македонија кон Минхен – Германија. Лицата до Куманово ги превезле со ПМВ и времено ги засолниле во куќата на пријавениот А.Д. Потоа истиот обезбедил две ПМВ- такси возила (Мерцедес караван и Опел Вектра караван) за натамошен превоз на лицата преку ГП-Табановце до одредена локација во Р. Србија, од каде ги превземал пријавениот А.Џ. со негово ПМВ кој претходно остварил излез на ГП Табановце со цел да ги прифати “азилантите“ и да го продолжи транспортот. За да овозможат непречено преминување на лицата преку ГП Табановце, А.Н. му дал 400 евра на лицето од Опае, како паричен надомест за полицискиот службеник, кој извршил пропуштање на лицата без да ги евидентира во системот за гранична контрола.
По остварена соработка со полициските служби на Р.Србија, А.Џ. и лицата потенцијални баратели на економски азил во земјите на ЕУ, биле пронајдени кај местото Предејане и на ден 24 октомври се вратени во Р Македонија.
По преземени мерки пријавените се приведени и по целосно документирање на случајот истите со кривична пријава се предадени на надлежен Истражен судија за натамошна постапка. Од страна на ИС на тројца од нив им е изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена, додека на лицето од Опае му е изречена мерка куќен притвор. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадец влегол во куќа во Битола, го затекнал сопственикот
Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка за кривично дело – Разбојничка кражба против едно лице на возраст од 36 години.
На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи украдените средства, физички го нападнал со употреба на сила и му се заканил дека ќе го прободе со скалпел.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Прегазена 56-годишна скопјанка: ја удрило „порше“
Вчера околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамил граѓанин за над 370. 000 денари: кумановец се претставил како вработен во туристичка агенција
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари.

