Европа
ЕУ, НАТО и САД ја предупредуваат Москва поради Украина
Европската унија ја испитува можноста за свикување вонредна седница на своите министри за надворешни работи следната седмица за да ја казни наводната офанзива на рускојазичните бунтовници во источна Украина, изјавиле во саботата навечер за AFP добро известени извори.
И покрај тоа што проруските бунтовници негираа дека имаат одговорноста за саботното бомбардирање на југоисточниот град Мариупол во кој според киевските прозападни власти има 30 загинати, бидејќи во тој дел од фронтот немаат артилериски батерии со кои би можеле да го гаѓаат стратешки важниот град, дека немаат намера да ги „трошат силите“ за да нападнат град во кој живеат „граѓани кои се исти како оние во Донецк“, како и дека станува збор за оган најверојатно отворен по грешка или како провокација од страна на украинските единици распоредени во близина на градот, Западот е единствен во нивната осуда за ова гранатирање.
Латвискиот министер за надворешни работи Едагарс Ринкевицс во саботата од шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини официјално побарал свикување итна седница на неговите колеги од ЕУ за преземање мерки против рускојазичните бунтовници во источна Украина. Според изворите на AFP, Могерини веќе ги започнала консултациите за таков состанок.
Могерини во саботата разговарала со украинскиот претседател Петро Порошенко за ситуацијата по гранатирањето на пристанишниот град Мариупол, кој од април 2014 година по безредијата со десетици загинати, е под контрола на украинската армија, соопшти во саботата навечер нејзината портпаролка Маја Коцијанчич.
Могерини, истовремено, ја повика Москва и ја предупреди „да го искористи своето значително влијание и да престане да дава секаква воена, политичка и финансиска помош на сепаратистичките челници за да ги спречат последиците погубни за целиот свет“.
И генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја повика Русија да „престане да ја дестабилизира Украина и да испраќа воена, политичка и финансиска помош на сепаратистите кои преземале офанзива на истокот од Украина“.
Американскиот државен секретар Џон Кери побара, исто така, Русија „веднаш да прекине да дава помош на проруските сепаратисти“. Во писмената изјава од Цирих, по учеството на Светскиот економски форум во швајцарски Давос, Кери од Москва бара „да ја затвори меѓународната граница со Украина, да го повлече сето оружје и борци, и да прекине со финансиската помош“. „Во спротивно, меѓународниот и американскиот притисок врз Русија и врз нејзините помагачи само ќе се зголеми“, се закани државниот секретар на САД.
Кери во изјавата додава дека им се придружува на европските колеги во „најострата осуда на гнасниот напад на сепаратистите со помош на Русија врз станбена населба во Мариупол, мирен град 25 километри оддалечен од линијата на примирјето поставена со договорот од Минск“ од септември 2014 година. Повтори дека оваа офанзива претставува „ново кршење на договорот од Минск“, пренесува Reuters.
Кери минатата седмица, по разжестувањето на судирите во Украина ги обвини рускојазичните бунтовници дека сакаат да извршат „очигледна анексија“ на дел од територијата на истокот од земјата и наведе дека територијата којашто ја контролираа ја прошириле на вкупно 1.300 квадратни киломeтри.
Во средата во Москва, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција повторно тврдеше дека Русија на ниеден начин не е воено вклучена во судирот во југоисточна Украина и ги отфрли уште еднаш тврдењата на Киев и на Западот за руско воено присуство во соседната земја повторено барајќи од нив да ги изнесат доказите за тоа.
„Секогаш велам: доколку нешто тврдите со таква увереност, покажете ги доказите. Но никој не може да го покаже доказите или тоа не сака да го направи. Оттаму, пред да побарате од нас нешто да престанеме да го правиме, ве молам да ги покажете доказите дека тоа го правиме“, порача шефот на руската дипломатија.
Но истовремено го обвини Западот дека ја снабдува Украина со оружје преку земји членки на НАТО и ЕУ спротивно на прописите на Европската унија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Mосква од почетокот на годината предупредува дека украинската армија довела нови сили на боиштето и дека не се придржува до договорот од Минск во кој според една од 12-те точки тешкото вооружување требаше да биде повлечено од двете страни во широчина од 30 километри од линијата на раздвојувањето./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.

