Свет
(Видео) Јапонска компанија измисли паметна маска која преведува осум јазици
Со оглед дека заштитните маски станаа дел од секојдневието, јапонскиот стартап „Донат роботикс“ се сети на една интересна иновација – креира паметна маска, која е дизајнирана за олеснување на комуникацијата за време на физичката дистанца.
Паметната маска „си-фејс“ може во комбинација со апликација да препише диктат, да го зголеми волуменот на тонот на корисникот и да го преведе говорот на осум јазици, пишува Си-ен-ен.
Со оглед на тоа дека има отвори на предната страна заради циркулација на воздухот, „си-фејс“ не може сама по себе да понуди заштита од Ковид-19. Наместо тоа, таа дизајнирана за олеснување на комуникацијата и носење преку стандардна маска за лице.
Оваа нова маска е направена од пластика и силикон, а има вграден микрофон, кој преку блутут се поврзува со мобилен телефон на корисникот и може од јапонски да преведе на кинески, корејски, виетнамски, индонезиски, англиски, шпански и француски, како и обратно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

