Спорт
Германски кошаркар доби отказ поради присуство на протест

Германскиот кошаркар Јошико Саибу доби отказ од неговиот клуб Баскетс Бон во вторникот откако минатиот викенд во Берлин бил дел од протестите против владините мерки за борба со коронавирусот.
„Не можеме да бидеме одговорни за постојаниот ризик од инфекции, каков што во моментов претставува кошаркарот Саибу. Тој доби отказ поради прекршувањата на договорот“, вели генералниот менаџер на тимот кој беше 15. во Бундеслигата, Волфганг Видлих.
Германија има 211.000 случаи од Ковид-19 и 9.156 смртни случаи, но во последно време бројот на инфекции е на највисоко ниво од мај.
30-годишниот Саибу бил дел од демонстрациите против мерките за коронавирусот во центарот на Берлин во саботата, каде што беа присутни околу 20.000 протестанти. Полицијата го „растури“ собирот попладнето бидејќи демонстрантите не носеа маски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“