Топ
Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на патот Охрид – Кичево

Две несреќи се случија утринава на патот Охрид – Кичево, а повредени се пет лица. Пред влезот во Охрид се преврте камион, а повреден е возачот, кој е префрлен во болница. За оваа несреќа нема информации дали е предизвикана поради невнимание или е сообраќајна незгода. Инаку, камионот, кој учествувал во несреќата, е во сопственост на компанијата што работи на изведбата на патот Кичево – Охрид.
Во одделна сообраќајна несреќа помеѓу два автомобила во близина на селото Песочан повредени се четири лица, кои со брза помош се префрлени во охридските болници. Засега нема информација која е причината за сообраќајната несреќа, но и каков тип на повреди имаат учесниците во несреќата. Увидот на полицијата трае по што МВР ќе соопшти повеќе информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ССМ на состанок во Владата: Дојдовме да им кажеме на функционерите дека треба да живеат на минималец ако не ги зголемат платите

Делегација од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) точно напладне влезе на состанок со претставници од Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, рече дека не знае зошто сега се состануваат, но истакна дека има пораки што ќе им ги пренесе на владините претставници.
„Добивме повик од Владата дека денес треба да одржиме состанок. ССМ дојде денеска да ја праша Владата до кога планира работниците да чекаат зголемување на платите. Иако немаме информација за што точно ќе биде состанокот, гледаме дека и колеги од други синдикати, кои, за жал, избегаа од камерите, ќе присуствуваат на состанокот. Дополнително, ќе им кажеме на владините функционери дека едногласно донесовме одлука на јавната седница на органите и телата на ССМ, доколку не ги зголемат и минималната плата и платите на сите работници и доколку 12,6 % не се зголемат платите во јавниот сектор, дека ќе треба да поживеат и тие на минималец“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов, и најави ново известување по завршувањето на состанокот.
Пред точно една недела ССМ, за да го искаже револтот од тоа што Владата без синдикалните претставници ја зголеми минималната плата на 400 евра место на 500, какво што беше барањето на синдикатите, на јавна седница, која се одржа пред Собранието, пред Стопанската комора и пред Владата изгласа платите на функционерите да се намалат на 500 евра сѐ до новото покачување на минималната плата.
Македонија
Детали за случајот со Геријатрија: Директорот знаел дека пациентот е богат, барал 100.000 евра за да го смести во болницата

Директорот на болницата за Геријатрија, Мухсин Арифи, кој е осомничен за поткуп, знаел дека пациентот што требало да се смести во установата бил богат и барал 100.000 евра поткуп. Кога роднината на пациентот рекол дека тоа се многу пари, директорот предложил до сумата да се дојде преку продажба на стан што го поседувал пациентот. По неколку средби, сепак, било договорено роднината да даде 20.000 евра за да го смести болното лице во болницата.
Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција објави детали за случајот. Од таму соопштија дека е побаран притвор за две лица, односно за директорот Арифи и за уште едно лице што му помагало.
Првоосомничениот, односнот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, во периодот од 19.3.2025 до 8.4.2025 година, во неколку наврати, директно побарал значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејство што би морал да го изврши.
Поткупот го побарал од сведок во постапката – давател на доживотна издршка за лице што боледувало од повеќе состојби и на кое по лекарски препораки и упатување му било потребно болничко згрижување во наведената установа. Кога сведокот се обратил во установата бидејќи состојбата на пациентот се влошувала, била известена дека пациентот е ставен на листа за чекање за прием.
По неколку дена, добила повик од второосомничениот, кој ѝ закажал средба со директорот на установата на 19.3.2025 година во вечерните часови во еден угостителски објект во Скопје.
На средбата првоосомничениот лично кажал дека знае оти пациентот е материјално добро ситуиран за што имал податоци и за недвижниот имот што го поседува, па ветил помош за сместување ако биде награден со 100.000 евра. Жената сведок реагирала дека тоа се многу пари, на што директорот предложил до бараната сума да се дојде преку продажба на недвижниот имот – стан што го поседувал пациентот, што не било опција бидејќи станот бил опфатен со договор за доживотна издршка.
На 3.4.2025 година била реализирана средба меѓу сведокот и помагачот како лице во кое директорот имал целосна доверба, а на 4.4.2025 година повторно сведокот се сретнал со двајцата осомничени. Конечно, било договорено сведокот да даде 20.000 евра како гаранција за да го смести пациентот во болницата, а доколку првоосомничениот со проверки утврди дека пациентот има и дополнителен недвижен имот, тој треба да се продаде за да се обезбеди вкупно побараниот износ од 100.000 евра.
Во согласност со овој договор, на 8.4.2025 година жената сведок се сретнала со второосомничениот, кој влегол во нејзиното возило и во име на директорот директно примил износ од 20.000 евра по што на самото место бил фатен од страна на полициските службеници.
Македонија
Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани, кои се лекуваа во медицински центри во Хрватска (двајца пациенти), Шведска (1 пациент) и Италија (1 пациент).
Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите што се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.
Во болниците во земјата во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, двајца пациенти во приватната болница „Систина“ и еден пациент на Клиниката за пулмологија.
Од Министерството за здравство известуваат дека континуирано ја следат состојбата со повредените пациенти со цел обезбедување најдобар можен третман, како и понатамошна рехабилитација.