Надворешна политика
Основана ЕУ/ИПА комуникациска мрежа
Во вторник се одржа првиот состанок на новоформираната ЕУ/ИПА комуникациска мрежа, а на истиот присуствуваа вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, евроамбасадорот Аиво Орав, амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, и претставници на 31 државна институција, членки на мрежата.
Во вторник се одржа првиот состанок на новоформираната ЕУ/ИПА комуникациска мрежа, а на истиот присуствуваа вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, евроамбасадорот Аиво Орав, амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, и претставници на 31 државна институција, членки на мрежата.
Од страна на говорниците беше истакнато дека ЕУ/ИПА комуникациските координатори во иднина ќе имаат битна улога и одговорност во зголемувањето на видливоста на европските фондови, како и во обезбедување на транспарентност за добивање на помош од Европската унија и подигнување на свеста кај општата јавност за помошта од ЕУ во земјата, преку што ќе се придонесе кон поефикасно искористување на Фондовите.
Тие укажаа дека проектите во државата ги следат приоритетите од реформите кои се неопходни за државата, а улогата на комуникациските координатори ќе биде да им доловат на граѓаните која е користа која проектот ја обезбедува во доближувањето кон стандардите на Европската унија.
ЕУ/ИПА комуникациската мрежа се основаше во насока на имплементација на Општата комуникациска Стратегија за ИПА, која Владата на Република Македонија ја усвои минатата година, а која беше поддржана од страна на француската техничка помош.
Секретаријатот за европски прашања – во улога на НИПАК Секретаријат, презема значајна улога во управувањето и спроведувањето на оваа Стратегија и Акцискиот план за ИПА кој беше нејзин претходник, за што се испланирани конкретни активности за комуникација и видливост.
На тој начин на јавноста ќе и биде овозможено интензивно да го следи овој процес, и тоа на ниво на транспарентност кое е во рамките на очекувањата и барањата од Европската унија за истото. Во ИПА 2007-2013 година алоцирани се околу 614 милиони евра, во рамки на кои досега се реализирани и се во тек околу 650 проекти. Во новиот програмски циклус 2014-2020 година во рамките на ИПА II за Република Македонија доделени се 664 милиони евра./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.