Скопје
Големо викенд уживање за сите деца и родители на 7-от Саем за деца

Забава, дружење, спортски активности, учење на креативни занаети, создавање на уметност, низ игра до насмевка, шоу со рептили, музичко шоу со „Златно славејче“ и многу маскоти, се само некои од активностите кои ќе бидат вистинско изненадување за сите деца и родители овој викенд во Скопје.
Традиционалниот Саем за деца кој од петок, до недела ќе се одржи во „Скопје Сити Мол“ ќе ги обедини детската среќа, креативноста, забавата за целото семејство, дружењето, играта, интерактивните игри за децата да се доближат до докторите, интересните турнири во кошарка, хокеј, Lego, PS4, X-Box, боење на лица, дружење со кловнови, пантомимичари и аниматори на штули, jungle gym, арт работилниците, како и подароците. Програмата ќе се одвива низ текот на целиот ден, започнувајќи од 12 часот и ќе траат се до 20 часот.Заразните детски насмевки, веселите семејства и пријатниот детски џагор и големите попусти се сигурната гаранција која ќе ја понуди 7-от по ред Саем за деца, кој од издание во издание е сè помасовен, позабавен, поразигран и уникатен во нашиот главен град.
Сите семејства освен големата забава, наградните игри и изненадувањата кои ќе бидат откриени за време на настанот, ќе имаат шанса да уживаат во големите попусти за време на 7-от Саем за деца и родители и до 50 отсто во продавниците за детска облека, производи и играчки./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Герасимовски изврши увид во училиштето Димитар Миладинов: Целосно ги реконструираме фискултурната и свечената сала

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи увид во реконструкцијата што се одвива во ООУ „Димитар Миладинов“, каде во тек е целосно обновување на фискултурната сала, свечената сала и меѓупросторот меѓу нив.
Во фискултурната сала се заменува целиот под со нов паркет, се обновуваат ѕидовите и плафонот, се поставуваат енергетски ефикасни светла и се оспособуваат прозорците, додека свечената сала добива целосно нова бина, нови скалила, обновен паркет и подобрени услови за користење, извести Општината.
„Подобрувањето на училиштата останува еден од нашите клучни приоритети. Со реконструкцијата во училиштето „Димитар Миладинов” создаваме современи, безбедни и инспиративни простори во кои децата ќе можат да учат, да спортуваат и да се развиваат. Инвестицијата во нивното образование и здрав развој е инвестиција во иднината на Центар“, изјави градоначалникот Герасимовски.
Реконструкцијата на Свечената сала, предвидува целосно нова бина и нови скалила, а постоечкиот паркет се струга и лакира. Во тек се молерисувањето на ѕидовите, замената на плафонските светла со штедливи, оспособувањето на прозорците за отворање и отстранување на стара остава со непотребен материјал.
Паралелно, се работи и на меѓупросторот, каде се заменува оштетениот под и се изведуваат молерисувачки зафати, се додава во соопштението од Општината.
Македонија
Минатата недела санкционирани се 𝟣𝟢𝟥 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.08.2025 до 17.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, се наведува во соопштението на ПОЦ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)