Спорт
Клиперси ги надиграа Дончиќ и Маверикс, уште еден пораз за Лејкерси

Кавај Ленард постигна 29 поени, Пол Џорџ додаде 24 поени, 7 скока и 6 асистенции за Лос Анџелес клиперс да ги продолжат одличните партии во Орландо со 126:111 победа над Далас маверикс.
Лука Дончиќ имаше повторно добра партија со 29 поени, 6 асистенции и 3 скока, Криштопс Порзингис додаде 30 поени, но тоа не беше доволно за држење ритам со моќните Клиперси.
Од друга страна, попознатиот клуб од Лос Анџелес, Лејкерси, не престанува со поразите. Џејмс Харден имаше фантастични 39 поени, 8 скока и 12 асистенции за 113:97 победа на Хјустон над Лејкерси. Меклемор додаде 20 поени, а за Лејкерси најефикасни беа Кајл Кузма (21 поен) и Ентони Дејвис (17).
Портланд трејлблејзерс оствари уште една важна победа за плејофот откако со 125:115 го совладаа Денвер нагетс. Демјан Лилард беше лидер со 45 поени, Трент додаде 27, а Јусуф Нуркиќ имаше 22 поена. За Денвер, Никола Јокиќ уфрли само 8 поени, но имаше 13 аситенции, а Мајкл Портер имаше 27 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дуран по само шест месеци го напушти Ал Наср

Foto/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Колумбискиот напаѓач Џон Дуран (21) по само шест месеци си замина од Ал Наср. Во јануари Астон Вила го продаде Дуран во Ал Наср за 77 милиони евра и потенцијални бонуси.
Во клубот од Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, играше со Кристијано Роналдо, но не успеа да ја освои титулата. Дуран постигна 12 гола на 18 настапи, а сега го напушта клубот и се враќа во Европа.
Иако потпиша договор до 2030 година, тој оди на позајмица во Фенербахче. Таму ќе ја преземе улогата на Един Џеко под водство на Жозе Мурињо.
Дуран се проби низ МЛС, од каде, по 27 натпревари и осум гола за Чикаго Фаер, замина за Астон Вила за нешто помалку од 18 милиони фунти. Имаше само 19 години.
Спорт
Перикар „испука“ сервис од 246 километри на час

Францускиот тенисер Џовани Мпеши Перикард го сруши рекордот на Вимблдон на првиот ден од третиот Гренд слем во сезоната.
Тенисерот, познат по својот убиствен сервис, го оправда својот углед во натпреварот од првото коло против Тејлор Фриц.
Во првиот поен, тој сервираше со брзина од 239,8 километри на час, соборувајќи го рекордот на Тејлор Дент од 2010 година (238,2).
Тоа не беше доволно за Перикард, па во истиот гем „испука“ сервис од неверојатни 246,2 километри на час.
Интересно е што дури ни тоа не му беше доволно за да го освои тој поен.
Перикар беше блиску до победа над фаворизираниот Американец (четврти ноосител на турнирот), но го загуби четвртиот сет (7:6, 7:6, 4:6, 6:7) по што натпреварот беше прекинат.
Причината се строгите правила на Вимблдон дека нема игра по 23 часот.
До тој момент, тој сервираше 33 аса.
Спорт
Инзаги: Се искачивме на Монт Еверест без кислород

Симоне Инзаги, тренерот на Ал Хилал, им честиташе на своите играчи за пласманот во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Тимот од Ријад ги елиминираше „граѓаните“ во осминафиналето на Светското клупско првенство по продолженијата (4:3), со што го направи најголемото изненадување на турнирот.
„За овој резултат, клучни се играчите и храброста што ја покажаа на теренот. Моравме да направиме нешто посебно со оглед на тоа што сите ја знаат силата на Манчестер сити. Моравме да се искачиме на Монт Еверест без кислород и успеавме во тоа“, рече Инзаги по натпреварот.
Во четвртфиналето, Ал Хилал ќе игра против Флуминензе, кој претходно исто така неочекувано го елиминираше Интер.