Црна хроника
Сопрен обид за шверц на текстил
Регионалниот центар за гранични работи-Север во четвртокот (10.10) реализираше случај на криумчарење со текстил при што беа запленети околу 3254 парчиња разновиден текстил натоварени на четири коња со вредност на стоката од околу 450 000 до 500 000 денари.
Имено, по претходни оперативни сознанија и изготвен план за постапување на службите на м.в. “Широка ливада“, атар на с.Горно Блаце спречено е криумчарење на стока преку државната граница. Околу 21.00 часот УПС забележале движење на конвој од четири коњи кои ги водело НН лице како се движат од правецот на Косово кон Р.Македонија. Кога се приближил конвојот, УПС го сопреле конвојот со повикот “Стој полиција“ при што НН лицето се дало во бекство во шумата а четирите коњи натоварени со стоката се одведени до ПС за ГН Горно Блаце.
Притоа утврдено е дека се работи за следната стока: женски хеланки-650 парчиња, машки кратки јакни – осум парчиња, детски чорапи- 310 парчиња, долги машки јакни – осум парчиња, балетанки – 108 парчиња, женски фармерки – 76 парчиња, детски дуксери – 157 парчиња, женски градници – 300 парчиња, женски килоти – 225 парчиња, кујнски престилки – 600 парчиња, женски џемпери – 210 парчиња, женски плетени џемпери – 16 парчиња, женски блузи – 90 парчиња, женски блузи со циркони 45- парчиња, женски џемпери со копчиња – 75 парчиња, женски туники – 20 парчиња, женски фустани 48, здолништа – шест парчиња, женски сакоа – две парчиња.
Од страна на инспекторите од ОИМПК криумчарената стока е превземена од ПС за ГН Блаце. Истата е обезбедена и сместена во просториите на РЦ Север за понатамошна постапка./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

