Црна хроника
Американец сакал да изнесе од Македонија 262 артефакти
Царинските службеници од скопскиот аеродром „Александар Велики“ во петокот спречија обид од земјата да бидат изнесени дури 262 вредни археолошки предмети.
При рентгенска контрола на личниот багаж на американски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Виена, биле забележани сомнителни предмети, поради што аеродромската служба повикала царински службеник да изврши контрола на багажот.
При извршената детална контрола, на дното на ранец, завиткани во хартија биле пронајдени 262 артефакти, од кои 256 се стари монети, два древни оловни печата, два приврзока, бардак и керамички сад.
Пронајдените предмети ќе бидат предадени на вештачење во Управата за културно наследство.
Претходно во понеделникот оваа седмица, на железничката станица Табановце при преглед и контрола на воз кој сообраќал на редовната линија Скопје – Белград, беа откриени марихуаната и стари монети кои биле сокриени во тоалетот на еден од вагоните, под мијалникот, во празнината со инсталации за греење и водовод која се отвора само со специјален железнички клуч../крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

