Црна хроника
МВР откри сторител на шест тешки кражби во Скопје
Скопската полиција поднесе кривична пријава против лицето Е.В. (24) од Скопје, поради основано сомнение дека на различни места во Скопје извршил шест тешки кражби при што се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 110.700 денари (1.800 евра).
Осомничениот ги сторил кражбите, на како што е наведено на особено дрзок начин, во периодот од 16.08. до 05.10. годинава. Пријавениот последното од шесте кривични дела го извршил на 05.10 околу 10 часот на булеварот “Партизански Одреди“, во близина на бензинска пумпа “Макпетрол“, врз оштетената А.Д. (24) при што приоѓајќи и однапред со тргање од вратот и го одзел златното синџирче и избегал, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.700 денари. Но набргу тој е фатен и приведен во ПС Карпош. Претходно на 04.10. околу 16,20 часот, на булеварот “Илинден“, во близина на објектот на Генералштабот на АРМ, Е.В. на идентичен начин овој пат приоѓајќи и од зад грб на оштетаната Н.М. (64) извршил “тешка кражба на особено дрзок начин“ при што и го украл златниот ланец со што истиот се стекнал со противправна имотна корист од 25.000 денари. Ден пред тоа (03.10) околу 09,50 часот на улицата “Симеон Кавракиров“ на идентичен начин со тегнење и кинење од вратот и го одзел златниот ланец на оштетената М.С. (65), со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 9.000 денари. На почетокот на месецов односно на 01.10 во 11 часот, на булеварот “Партизански Одреди“ пријавениот ја нападнал Д.С. (61) која седела на клупа пред објектот бр.109 и приоѓајќи и од зад грб и го истргал од вратот златниот ланец при што се стекнал со противправна имотна корист од 25.000 денари. На 19 минатиот месец, пак, во 09,30 часот на улицата “Кеј 13 Ноември“ под мост “Гоце Делчев“ Е.В. извршил – “тешка кражба на особено дрзок начин“ над лицето И.А. (77), при што украл еден златен ланец со што истиот се стекнал со противправна имотна корист од 30.000 денари.Во овие четири случаи, според добиените сознанија, Е.В. веднаш по сторените кривични дела “пленот“ го носел во Клиничкиот центар во Одделението за лечење на наркозависници каде што му ги давал украдените златни ланци на НН лице во замена за по две шишенца метадонска терапија.И последното, односно прво спред временска хронологија извршено кривично дело Е.В. го сторил на 6.08. годинава во 16,25 часот на булеварот “Јане Сандански“ пред зграда бр.61 каде што на особено дрзок начин од оштетената В.С. (68) и го одзел паричникот во кој имало 150 евра, 3.000 денари и друга документација со што истиот се стекнал со противправна имотна корист од 12.000 денари.Во просториите на ПС Карпош, обавен е службен разговор со приведениот Е.В. во кој истиот во целост ги појасни извршените кривични дела. Со Потврда за привремено одземени предмети од него е одземен украдениот златен ланец, а со Потврда за вратени предмети златниот ланец е вратен на оштетената А.Д. Исто така, со наредба од Истражен судија извршен е претрес во домот на пријавениот при што е пронајден еден ланец жолта боја и истиот со потврда за Привремено одземени предмети е одземен. Покрај ова во просториите на ПС Карпош, извршено е непосредно лично препознавање, со оштетените при што од страна на оштетените и сведоците со сигурност е препознаен пријавеното лице. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

