Црна хроника
Спречен обид на шверц на 5,5 килограми хероин преку Табановце
Македонската царина во вторникот вечер на граничниот премин Табановце спречи обид за шверц на 5,5 килограми хероин.
Дрогата била пронајдена во возило марка Rover 75 со албански регистарски ознаки управувано од албански државјанин, а како совозач во возилото било присутно уште едно лице кое поседува албанско и грчко државјанство.
Запрашани дали имаат нешто да пријават, возачот и сопатникот одговориле негативно, по што цариниците почнале да го проверуваат возилото.
При контролата со помош на фиберскоп на предната маска во левиот отвор од вентилацијата утврдено е дека каналите од вентилацијата и просторот кај сигурносното перниче (airbag) се преправани што веднаш даде индикации за можна сокриена стока во овој простор.
По вклучување на вентилацијата забележано е дека на левата страна пропушта помалку воздух. Во просторот на сигурносното перниче во фабричка шуплина специјално прилагодена за криење на стока пронајдени се 11 пакувања обвиткани со самолеплива трака наполенти со непозната кафеава прашкаста материја со вкупна тежина од околу 5,5 килограми.
По извршено тестирање со тестери за дрога утврдено е дека се работи за хероин.
Во текот на спроведената предистражна постапка осомиченичените изјавиле дека неколку дена пред критичниот ден од лице државјанин на Р. Албанија по претходен договор набавиле 11 пакетчиња -хероин кои во просек тежат околу 500 грама.
Осомничениот, по професија автомеханичар, ги искористил фабричките шуплини од возилото на пределот кај воздушното перниче каде и ги сокрил сите 11 пакетчиња хероин. Намерата им била дрогата да ја пренесат до Белград, Р.Србија.
Од истрагата е добиено сознание дека двајцата осомничени во период од еден месец, колку што го имаат возилото, двапати го искористиле за пренесување на дрога во Италија и во Хрватска.
Хероинот е со голема чистина и со одличен квалитет и во големопродажба на нарко – пазарите во Европа достигнува цена 180.000 евра, додека на мало би можела да достигне и сума од 300.000 илјади евра.
Против сторителите, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Основно јавно обвинителство во Куманово. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

