Црна хроника
Богоевски тврди дека сè што правел било легално
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Слободан Богоевски му бил личен консултант на грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас чија била кипарската фирма „Централ балкан инвестмент ЦБИ“, но тврди дека сè што правел било легално и законски.
Тој ги отфрли сите наводи на обвинението како неосновани, сите докази коишто ги нуделе од обвинителството биле легални акти на државните органи, а сомнежи не поттикнувале ниту доказите прибавени со посебни истражни мерки.
Богоевски пред судот раскажа дека со Кондоминас се познавал од 1993 година, а тој првпат дошол во Македонија во 1997 година и се сретнал со тогашниот шеф на државата и со претседателот на владата, односно со починатиот претседател Киро Глигоров и поранешниот премиер Бранко Црвенковски.
По заминувањето на Богоевски од, како што кажа, владата во 2000 година, му станал личен консултант на Кондоминас и учествувал во голем број успешни проекти во земји од регионот, каде вршел проценка на бизнис ризикот.
Истоимената фирма во Скопје ЦБИ, првообвинетиот адвокат Васко Томановиќ и Богоевски тврдат дека била формирана токму за да се избегне перење пари, односно парите кои требало да им се префрлат ним да не им бидат префрлани во Кипар, туку во Скопје. На Богоевски требало да му префрлат 500.000 евра, а на Томановиќ 50.000 евра.
Првообвинетиот адвокат Томановиќ бил полномошник на фирмата од Кипар и тој ги отфрли сите обвиненија кои му се ставаат на товар.
Обвинетите имаа исцрпни одбрани кои траеја и по два часа. Во случајот „Агент“ обвинети се адвокатите Васко Томановиќ и Владо Пешликовски, Даниела Трајковска и Ален Јегени како управители на фирми и Митја Валич, словенечки државјанин кој е во бегство. На Валич ќе му се суди во отсуство. Сите се товарат дека испрале повеќе од милион евра./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.