Црна хроника
Две тепачки во центарот на Скопје

Две тепачки во рок од 20 минути се случиле ноќеска во центарот на Скопје.
Во првиот случај околу 00:50 часот, две лица на возраст од 25 и 22 години нападнале 20 годишен скопјанец на плоштадот „Македонија“, удирајќи го со тупаници во пределот на лицето и телото, при што му нанеле видлива повреда во вид на црвенило по лицето. Причина за нападот била расправија од пред три години.
Во вториот случај, околу 01:10 часот на улицата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“ група од 10-15 лица нападнале двајца 20-годишни охриѓани удирајќи ги со тупаници и кожен ремен по главите и телата, од што се здобиле со видливи повреди во вид на расекотина на десното око. Причината за физичкиот напад е непозната.
Полицијата работи на расчистување на двата случаи. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.