Црна хроника
Пијан кичевец пукал и кршел низ Кичево
Пијан кичевец со два промили алкохол во крвта доцна синоќа пукал и кршел низ Кичево, соопшти СВР Охрид.
Според информациите од полицијата, кичевецот кој го зел пиштолот од неговиот татко кој пак го поседувал со дозвола, синоќа околу 02.20 часот пукал кон зградите на улица „4-јули“ во Кичево.
Повредени за среќа нема. Откако пукал, кичевецот со рака го искршил ветробранското стакло на автомобил „Ауди“ кој бил паркиран на улицата.
Полицијата интервенирала и триесет и шестгодишниот кичевец е приведен. Во текот на денот, откако ќе се отрезни се очекува да биде извршен разговор со приведениот. Причините за дивеењето се уште не се познати./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Центар
Ноќеска во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Му пукнала петарда во рака: тешко повреден 12-годишник во скопски Аеродром
Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

