Контакт

Црна хроника

Во Скопје прекинат шверцерски канал кон западна Европа

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи во соработка со Царинската управа пресекоа меѓународен канал за криумчарење на наркотици кон западноевропските земји. При акцијата приведен е еден македонски државјанин, а запленети се пет килограми високо квалитетна марихуана која требало да ја пренесе на релација Македонија – Австрија.

dobivaj vesti na viber

Жител на скопското село Студеничани ќе „заработи“ кривична пријава поради основи на сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Имено, пријавениот во текот на февруари за паричен надомест од 1.600 евра и 4.300 денари по претходно дадени инструкции од засега непознати лица од населба Ченто, исто така во Скопје, требало да изврши транспорт на марихуана на релација Скопје-Салцбург каде што дрогата требало да му ја предаде на друго лице кое моментално престојувало во Салцбург, Австрија.

Во изминативе две недели, пријавениот стапил во контакт со засега неидентификуваното лице од Ченто на возраст од околу 27 години, којшто го ангажирал да го изврши транспортот на наркотичната дрога марихуана во количина од околу пет килограми, при што во петокот околу 14 часот во Скопје, во населба Ченто, пријавениот се сретнал со него и добил инструкции за вршењето на транспортот на дрогата.

Во саботата, пак, околу 18 часот, по претходен телефонски контакт, лицето дошло пред домот на пријавениот каде што тој живеел со неговото семејство под кирија, го земал пријавениот и заедно заминале на меѓународната автобуска станица во Скопје. За време на патувањето до автобуската станица, лицето на пријавениот му објаснил дека во црна патна торба била сокриена марихуаната. Притоа, на пријавениот му дал 550 евра и 4.300 денари и кога стигнале пред меѓународната автобуска станица „Руле турс“ Скопје, во близина на семафорите, пријавениот ја зел патната торбичка и заминал во правец на автобуската станица.

На автобуската станица, пријавениот извадил билет во еден правец за релацијата Скопје – Салцбург, што го платил со парите што претходно ги добил од непознатиот платил и во 19,30 часот се качил во автобус на агенцијата „Еуро бусЕ кој сообраќал на редовна автобуска линија Струга – Скопје -Салцбург.

Околу 21 часот, по пристигнувањето на автобусот на граничниот премин „Табановце“ на излез од Македонија, од страна на Царинската управа сега пријавениот бил селектиран за детална контрола, при што бил извршен претрес над него и личниот багаж. При претресот во патната торбичка меѓу гардеробата биле забележани пет пакувања облепени со кафеава селотејп лента со непозната растителна материја со зелена боја.

По извршеното тестирање на лице место од страна на царинските службеници на непознатата растителна материја, истата реагирала на присуство на канабоиди – наркотична дрога марихуана. Од страна на Отсекот за криминалистичка техника при СВР Куманово, извршена е криминалистичко техничка обработка на пронајдените пет пакувања со непознатата растителна материја и црната патна торба во кој била./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Инспектор од Македонска Каменица запалил службени документи и предизвикал пожар во полициска станица

Објавено пред

Од

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени материјали, ги запалил и ги оставил да горат, по што огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на Полициското одделение Македонска Каменица.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак

Објавено пред

Од

Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП

Објавено пред

Од

Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Ако правосудството работи по закон, и мојата плата ќе им ја донирам, рече Мицкоски кој засега не поддржува зголемување на примањата на судиите и обвинителите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека моралот не му дозволува да се согласи со зголемување на платите во правосудниот сектор,...

Регион8 часа

Истрага за странските викенд-снајперисти во Сараево: „Носеа пушки што личеа како за лов, ги таргетираа децата“

Обвинителството во Милано повторно ја активира истрагата за т.н. викенд-снајперисти – странци кои за време на опсадата на Сараево биле...

Македонија9 часа

(Видео) Кузеска: Кумот на Мицкоски се споменува како можен главен задолжен за сите криминални шеми во Министерството за земјоделство

Денес ќе објавиме серија на информации кои отвораат сериозни сомнежи дека мега скандалот со корупцијата во ИПАРД фондовите води директно...

Македонија9 часа

Кривична за ексградоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, и за уште седум лица поради злоупотреби со градежно земјиште

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до скопското Обвинителство против осум лица — поранешни функционери и службеници во Општина...

Свет9 часа

Фон дер Лајен: Путин греши ако мисли дека може да нè исцрпи, ЕУ одвојува 6 милијарди евра за Украина

ЕУ ќе ѝ додели 6 милијарди евра на Украина во рамките на заем од механизмот на Г7 за забрзување на...

Македонија10 часа

Докторот од Македонија, кој прегази куче во Софија, обвинет за сурово однесување кон животно

Окружното обвинителство на Софија го обвини докторот Ненад Цоневски за намерно сурово однесување кон животно, обвинение што спаѓа под кривична...

Македонија12 часа

„130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања“, Николовски бара оставка од Трипуновски

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше на интервјуто на министерот Цветан Трипуновски кој иако призна...

Свет13 часа

Излегоа пораките меѓу Ендру и Епштајн: „Не можам повеќе да го поднесам ова“

Поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор им рекол на Џефри Епштајн и Гислејн Максвел: „Не можам повеќе да го поднесам ова“ кога...

Свет13 часа

Мајка и ќерка во Австралија се преправале дека се видовити: измамиле луѓе за 46 милиони долари

Мајка и ќерка се уапсени во Австралија под сомнение дека се дел од една од најсофистицираните шеми за измама во...

Европа14 часа

Британија ја гради својата прва мала нуклеарна електрана: ќе биде во северен Велс

Велика Британија денес објави дека го избрала северен Велс како локација за својата прва нуклеарна електрана со мал модуларен реактор...

Свет14 часа

„Боинг“ мора да им исплати 28 милиони долари на семејството на жртва од авионската несреќа

Поротата на федералниот суд во Чикаго во средата наложи Боинг да исплати повеќе од 28 милиони долари на семејството на...

Свет14 часа

(Видео) Трамп потпиша договор: се стави крај на најдолгата блокада на владата на САД во историјата

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се става крај на најдолгото затворање на владата во историјата на САД,...

Свет1 ден

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија1 ден

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија1 ден

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија1 ден

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија1 ден

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура1 ден

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија1 ден

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...